Испечатете ја страната

До 30 јуни продолжен рокот за поднесување барање за субвенции за 2019-та година

Вторник, 28 Мај 2019

Рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година се продолжува до 30-ти јуни. Ова продолжување на рокот е по барање на земјоделците, со цел да можат сите земјоделци да го искористат правото за поднесување на барања за финансиска поддршка за мерките од годинешната Програма за директни плаќања.

До овој рок, земјоделците ќе можат да ги поднесуваат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи и за заклани животни во кланица.

Барањата за добивање на финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели кои не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојба на 15 март 2019 година.

Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето.

Одгледувачите на добиток пред поднесување на барањето задолжително треба да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

Сите корисници на оваа финансика поддршка по аплицирањето и добивањето на отпечатениот примерок добро да ги проверат податоците и ако има одредени отстапувања во рок од 30 дена од денот на аплицирањето да ги извршат потребните корекции.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

Сеп 13, 2019 Вести

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ единствената награда за високо актерско достигнување ја додели на хрватскиот актер Драшко Зидар, за улогат...