Масовно труење на кучиња во центарот на Струмица, градоначалникот го осуди овој нехуман чин

Среда, 29 Мај 2019

Две кучиња утринава околу 04:00 часот се пронајдени отруени на струмичкиот плоштад, а низ паркот, кај основното училиште „Сандо Масев“ и во околината се пронајдени уште десеттина кучиња кои добиле последици од отровот.

На социјалните мрежи Здружението за заштита на животни „Animal Lovers“ од Струмица утринава информираше дека дел од кучињата се и домашни миленици.

Поради големиот број на повици за масовно труење ветеринарите не можат да одговорат на сите повици навремено.

Преку социјалните мрежи попладнево се обрати и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој го осуди овој чин и побара од надлежните органи да се пронајдат сторителите.

Јаневски потсети дека годинава треба да се отвори стационарот за бездомни животни во атарот на селото Сачево.

„Свесни сме дека кучињата скитници се проблем во општината, но ова не е начинот на кој треба да се ослободиме од нив. Општина Струмица од 2015 година спроведува хуман третман кон кучињата скитници, а од крајот на минатата година, заедно со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, работиме на трајно решавање на проблемот со изградбата на Стационарот за бездомни животни во атарот на селото Сачево“ - напиша градоначалникот Јаневски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а…

Окт 19, 2019 Вести

Унијата на млади сили од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на денешната прес конференција потсетија на ветените проекти на градоначалникот на Струмица, Кос...

Градежниците од струмичко го одбележаа празникот Св. Тома, нов кум Марин Крстевски од „Евростил-М“

Градежниците од струмичко го одбележаа празникот Св. Тома, н…

Окт 19, 2019 Вести

На традиционалната средба на градежниците од Струмичкиот регион што се одржа денеска во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“, по повод празникот Свети Т...

„Девојче и мече“ на Ване Костуранов на Саемот на книгата во Франкфурт „Frankfurter Buchmesse“

„Девојче и мече“ на Ване Костуранов на Саемот на книгата во …

Окт 19, 2019 Вести

Сликовницата „Девојче и мече“ на уметникот од Струмица, Ване Костуранов, која е во издание на „Ars Lamina“, се најде на престижната книжевна листа „Th...

Шеста победа на фудбалерите на Пандев, го надиграа актуелниот шампион „Шкендија“

Шеста победа на фудбалерите на Пандев, го надиграа актуелнио…

Окт 18, 2019 Вести

Фудбалерите на „Академија Пандев“ од Струмица, денеска на гости во Тетово со 1:0 го победија актуелниот шампион „Шкендија“. Марио Маслаќ во 45-та мин...

На Струмичкиот плоштад „Отворени забавни фудбалски школи“

На Струмичкиот плоштад „Отворени забавни фудбалски школи“

Окт 18, 2019 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица започнаа 20-те „Отворени забавни фудбалски школи“, од кои 13 години по ред се поддржани и финансирани од буџето...

Одржана втората Форумска сесија на Буџетскиот форум во општина Струмица

Одржана втората Форумска сесија на Буџетскиот форум во општи…

Окт 18, 2019 Вести

Синоќа во Домот на АРМ во Струмица се одржа втората Форумска сесија на Буџетскиот форум во општина Струмица 2019/2020, на  која  со своето активно уче...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за две години нема реализирано ниту еден позначаен проект за Струмица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за две години нема реализирано ниту еден по…

Окт 18, 2019 Вести

„Поминува половина мандат на актуелната локална власт на СДСМ во Струмица, која со општината управува веќе 15 години. Две години исполнети со нерабо...

Струмица со туристички водич и информативни табли ќе биде промовирана како културно-историска туристичка дестинација

Струмица со туристички водич и информативни табли ќе биде пр…

Окт 18, 2019 Вести

Вчера беше промовиран туристички водич на македонски и англиски јазик, како дел од проектот „Струмица како културно-историска туристичка дестинација“...