Испечатете ја страната

Дури 10 струмичани во списокот на репрезентацијата за ЕП во одбојка во Словенија

Среда, 29 Мај 2019

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ го објави списокот на играчи со кои ќе настапи на Европското првенство во одбојка во Словенија во септември.

Според објавениот список десет одбојкари се струмичани од кои дури петмина се од шампионот „ЏИО Струмица“, а останатите интернационалци.

На списокот на Матијашевиќ се 18 одбојкари меѓу кои браќата Ѓорѓиеви, техничарот Ѓорѓи и коректорот Никола на чија позиција е повикан и Марјан Урдов. Како примачи се повикани капитенот на „ЏИО Струмица“ – Васе Михаилов, младиот Стојан Илиев, но и струмичките интернационалци Александар Љафтов и Владо Милев. Како средни блокери селекторот ги повика Филип Маџунков, Славе Наков и Ристо Николов.

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра во Љубљана. На 12 септември игра со Финска, ден потоа со Турција, а на 14 септември силите ќе ги соочи со актуелниот европски шампион, селекцијата на Русија. На 16 септември, Северна Македонија ќе игра со Белорусија а групната фаза ја завршува со домаќинот Словенија на 17 септември.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

УХМР: Пообилен пороен дожд, засилен ветер, појава на град

УХМР: Пообилен пороен дожд, засилен ветер, појава на град

Авг 15, 2020 Вести

Денеска и утре ќе биде особено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (...

Кај Дабиље фатени 12 мигранти, возачот жител на Банско приведен

Кај Дабиље фатени 12 мигранти, возачот жител на Банско приве…

Авг 15, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 21:40 часот на регионалниот пат Струмица - Граничен премин „Ново Село“, на влезот на Дабиље, полициски службеници запреле патничко возило...

Србија воведува задолжителни ПСР тестови за македонските државјани

Србија воведува задолжителни ПСР тестови за македонските држ…

Авг 14, 2020 Вести

Од утре (сабота, 15 август), Србија воведува задолжителен ПСР тест за македонските државјани, информираат од Министерството за внатрешни работи на Реп...

ВИДЕО: Како помина првата недела од СОФ 2020

ВИДЕО: Како помина првата недела од СОФ 2020

Авг 14, 2020 Вести

Деветто издание на манифестацијата Струмица ОПЕН фестивал е во тек. Настаните се одвиваат според одобрените протоколи за одржување на настани на отвор...

Денеска Струмица со уште двајца нови случаи на ковид-19, но и 13 оздравени пациенти

Денеска Струмица со уште двајца нови случаи на ковид-19, но …

Авг 14, 2020 Вести

Во последните 24 часа регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 од направените 2.172 тестирања, а починати се три пациенти, двајца од Скопје (60 и 7...

Пронајден е 56-годишниот струмичанец кој од 9 август се трагаше по него

Пронајден е 56-годишниот струмичанец кој од 9 август се траг…

Авг 14, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 12:00 часот, во манастирскиот комплекс „Пресвета Богородица“, на место викано „Ѓуриште“, атар на Свети Николе...

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...