Зорица Заева во Букурешт: Економското зајакнување е одговор на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените

Четврток, 30 Мај 2019

На покана на романската премиерка, Виорица Данчила, а во рамките на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, Зорица Заева учествуваше на конференција „Улогата на жените во модерното општество – помеѓу јакнење, лидерство и родовата дискриминација“, која се одржа во Букурешт.

Конференцијата имаше фокус на стратешките европски и меѓународни документи кои на краток и долг рок работат во насока на елиминација на родовата дискриминација и нееднаквост, но и на општествениот дискурс кој се движи во насока на подигнување на свеста за сите форми на насилство врз жената и овозможување на средина за еднаков развој и учество на жените во општеството, политиката и приватниот сектор.

Во своето обраќање, г-ѓа Заева говореше за статусот на жените во Република Северна Македонија, како и за заложбите кои Владата ги презема за намалување на насилството врз жените и девојките.

„Донесовме јасни и недвосмислени законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство. Ја ратификувавме Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, така наречената Истанбулска конвенција. Ги унапредуваме сите потребни услуги за поддршка и заштита на жените жртви на насилство. Кога жените губат – сите губиме“, истакна Зорица Заева на конференцијата во Букурешт.

Посебен акцент во своето обраќање, Заева стави на економското јакнење на жените во општеството.

„Девојките и жените имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните работни кариери и да бидат избирани на највисоки работни позиции. Нема никаква причина да биде поинаку. Намалувањето на родовиот јаз во платите, на макроекономско ниво, може да придонесе за поголем економски раст. Затоа треба да биде јасно: Економското зајакнување е одговорот на многу од прашањата со кои се соочуваат девојките и жените“, нагласи Заева на конференција „Улогата на жените во модерното општество – помеѓу јакнење, лидерство и родовата дискриминација“ во Букурешт.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а…

Окт 19, 2019 Вести

Унијата на млади сили од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на денешната прес конференција потсетија на ветените проекти на градоначалникот на Струмица, Кос...

Градежниците од струмичко го одбележаа празникот Св. Тома, нов кум Марин Крстевски од „Евростил-М“

Градежниците од струмичко го одбележаа празникот Св. Тома, н…

Окт 19, 2019 Вести

На традиционалната средба на градежниците од Струмичкиот регион што се одржа денеска во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“, по повод празникот Свети Т...

„Девојче и мече“ на Ване Костуранов на Саемот на книгата во Франкфурт „Frankfurter Buchmesse“

„Девојче и мече“ на Ване Костуранов на Саемот на книгата во …

Окт 19, 2019 Вести

Сликовницата „Девојче и мече“ на уметникот од Струмица, Ване Костуранов, која е во издание на „Ars Lamina“, се најде на престижната книжевна листа „Th...

Шеста победа на фудбалерите на Пандев, го надиграа актуелниот шампион „Шкендија“

Шеста победа на фудбалерите на Пандев, го надиграа актуелнио…

Окт 18, 2019 Вести

Фудбалерите на „Академија Пандев“ од Струмица, денеска на гости во Тетово со 1:0 го победија актуелниот шампион „Шкендија“. Марио Маслаќ во 45-та мин...

На Струмичкиот плоштад „Отворени забавни фудбалски школи“

На Струмичкиот плоштад „Отворени забавни фудбалски школи“

Окт 18, 2019 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица започнаа 20-те „Отворени забавни фудбалски школи“, од кои 13 години по ред се поддржани и финансирани од буџето...

Одржана втората Форумска сесија на Буџетскиот форум во општина Струмица

Одржана втората Форумска сесија на Буџетскиот форум во општи…

Окт 18, 2019 Вести

Синоќа во Домот на АРМ во Струмица се одржа втората Форумска сесија на Буџетскиот форум во општина Струмица 2019/2020, на  која  со своето активно уче...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за две години нема реализирано ниту еден позначаен проект за Струмица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за две години нема реализирано ниту еден по…

Окт 18, 2019 Вести

„Поминува половина мандат на актуелната локална власт на СДСМ во Струмица, која со општината управува веќе 15 години. Две години исполнети со нерабо...

Струмица со туристички водич и информативни табли ќе биде промовирана како културно-историска туристичка дестинација

Струмица со туристички водич и информативни табли ќе биде пр…

Окт 18, 2019 Вести

Вчера беше промовиран туристички водич на македонски и англиски јазик, како дел од проектот „Струмица како културно-историска туристичка дестинација“...