Сликовницата „Девојче и мече“ на Ване Костуранов ќе биде промовирана во Струмица

Четврток, 30 Мај 2019

Сликовницата „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник, струмичанецот Ване Костуранов, ќе биде промовирана утре (петок, 31 мај) во Струмица.

Промоцијата во родниот град на Костуранов ќе се одржи во кафулето „Саут сајд коктел бар“ (South Side Cocktail Bar), со почеток во 19:00 часот.

Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е топла, сонувачка приказна за другарството и за растењето.

Едно девојче и едно мече ни ги отвораат вратите од нивниот свет, кој е исто толку обичен, колку што е необичен. Поминувајќи го сето време заедно, тие откриваат многу нови работи. Откриваат дека колку побрзо го возат велосипедот, толку посилно ветрот им ја дува косата. Се искачуваат на највисоките ридови, обидувајќи се да ги допрат сончевите зраци. Уживаат во есента, играјќи си криенка со сонцето. Се прават заедно, додека еден ден…

Авторот на книгата, Ване Костуранов, е роден во 1979 година во Струмица. Уште од мал повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови. Неговата најголема желба – никогаш да не порасне, реши да си ја оствари сам, употребувајќи ги сликарството и илустрацијата како жива ограда од светот на возрасните. Својот светоглед го има споделено на повеќе изложби во земјата и во странство.

„Девојче и мече“ е втора сликовница за деца и возрасни на Костуранов, по успешната и наградувана „Ѕвездено дете“.

Настанот во Струмица следува по промоцијата на сликовницата минатиот месец во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ во Скопје. Авторот одржа и дружба со своите читатели за време на годинашниот Саем на книгата, на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“.

За време на саемот, „Девојче и мече“ ја освои првата награда за најдобро ликовно-графички уредено издание на доделувањето на годинашните награди од Македонската асоцијација на издавачи.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а…

Окт 19, 2019 Вести

Унијата на млади сили од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на денешната прес конференција потсетија на ветените проекти на градоначалникот на Струмица, Кос...

Градежниците од струмичко го одбележаа празникот Св. Тома, нов кум Марин Крстевски од „Евростил-М“

Градежниците од струмичко го одбележаа празникот Св. Тома, н…

Окт 19, 2019 Вести

На традиционалната средба на градежниците од Струмичкиот регион што се одржа денеска во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“, по повод празникот Свети Т...

„Девојче и мече“ на Ване Костуранов на Саемот на книгата во Франкфурт „Frankfurter Buchmesse“

„Девојче и мече“ на Ване Костуранов на Саемот на книгата во …

Окт 19, 2019 Вести

Сликовницата „Девојче и мече“ на уметникот од Струмица, Ване Костуранов, која е во издание на „Ars Lamina“, се најде на престижната книжевна листа „Th...

Шеста победа на фудбалерите на Пандев, го надиграа актуелниот шампион „Шкендија“

Шеста победа на фудбалерите на Пандев, го надиграа актуелнио…

Окт 18, 2019 Вести

Фудбалерите на „Академија Пандев“ од Струмица, денеска на гости во Тетово со 1:0 го победија актуелниот шампион „Шкендија“. Марио Маслаќ во 45-та мин...

На Струмичкиот плоштад „Отворени забавни фудбалски школи“

На Струмичкиот плоштад „Отворени забавни фудбалски школи“

Окт 18, 2019 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица започнаа 20-те „Отворени забавни фудбалски школи“, од кои 13 години по ред се поддржани и финансирани од буџето...

Одржана втората Форумска сесија на Буџетскиот форум во општина Струмица

Одржана втората Форумска сесија на Буџетскиот форум во општи…

Окт 18, 2019 Вести

Синоќа во Домот на АРМ во Струмица се одржа втората Форумска сесија на Буџетскиот форум во општина Струмица 2019/2020, на  која  со своето активно уче...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за две години нема реализирано ниту еден позначаен проект за Струмица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за две години нема реализирано ниту еден по…

Окт 18, 2019 Вести

„Поминува половина мандат на актуелната локална власт на СДСМ во Струмица, која со општината управува веќе 15 години. Две години исполнети со нерабо...

Струмица со туристички водич и информативни табли ќе биде промовирана како културно-историска туристичка дестинација

Струмица со туристички водич и информативни табли ќе биде пр…

Окт 18, 2019 Вести

Вчера беше промовиран туристички водич на македонски и англиски јазик, како дел од проектот „Струмица како културно-историска туристичка дестинација“...