Испечатете ја страната

Ќе се поставуваат агрометеоролошки станици во Југоисточниот регион

Четврток, 30 Мај 2019

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со седиште во Струмица, потпиша два договори со Министерството за локална самоуправа за реализација на два одобрени проекти, во рамките на грантовата шема за иновативни проекти од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, поддржан од Швајцарската амбасада.

Станува збор за два проекти кои ќе бидат во функција на земјоделците и бизнис секторот од Југоистокот, а се во висина од околу 133.000 швајцарски франци.

Согласно договорите, што ги потпиша Жулиета Ѓуркова од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, во десетте општини од Југоистокот ќе се поставуваат агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина. Главна цел е подобрување на начинот на управување со земјоделските култури и условите за заштита на животната средина преку воведување современи технологии во земјоделството. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 94.000 швајцарски франци.

Вториот проект е отворање на заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработка со бизнис секторот чија главна цел е подобрување на претприемачкиот амбиент за промовирање на малите и средни претрпијатија во Југоисточниот плански регион, со вкупна вредност од околу 39.000 швјацарски франци.

Двата нови регионални проекти ќе имаат директно влијание врз подобрувањето на квалитетот на живеење, регионалната соработка и ќе промовираат иновативен пристап во обезбедувањето на услугите до сите засегнати страни. Проектите беа избрани на инклузивен начин со директно учество на граѓаните од Југоисточниот регион.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот

Јун 13, 2021 Веб Билборд

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот. Пријавување на Facebook и Instagram профилите на бутикот: www.facebook.com/AngelsStrumica www.instagram...

Отворена канцеларија на премиерот Зоран Заев во Струмица за непосредни средби со граѓаните

Отворена канцеларија на премиерот Зоран Заев во Струмица за …

Јун 12, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. ...

Трет ден блокада во центарот на Струмица

Трет ден блокада во центарот на Струмица

Јун 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Трет ден блокирана главната раскрсница пред ТЦ „Глобал“ во Струмица. Блокадите кои ги има во повеќе градови во терминот од 15 до 17 часот се организир...

Струмичката полиција приведе 36-годишен жител од Василево, кај него пронајдено марихуана и малолетничка која живеела во неговиот дом

Струмичката полиција приведе 36-годишен жител од Василево, к…

Јун 09, 2021 Вести

Денеска во Василево, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.М.(36) од Василево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска на...

Во четврток два часа прекин на електричната енергија на неколку улици во горниот дел на градот Струмица

Во четврток два часа прекин на електричната енергија на неко…

Јун 08, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица ги известуваат граѓаните дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето ...

Поцкова: Документот „Патоказ“ да биде објавен пред целиот народ

Поцкова: Документот „Патоказ“ да биде објавен пред целиот на…

Јун 08, 2021 Вести

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ од денеска, па во наредните два дена од 15:00 до 17:00 часот со протести на главната раскрсница во градот. Целта на протестот е...

Започна гасификацијата на струмичката болница

Започна гасификацијата на струмичката болница

Јун 08, 2021 Вести

Со стартот на изградбата на нова котлара, започна гасификацијата на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица, а веќе од следната грејна сезона ќе биде единстве...

Промовирана книгата „Видое Подгорец - незавршена приказна“ од Киро Донев

Промовирана книгата „Видое Подгорец - незавршена приказна“ о…

Јун 08, 2021 Вести

Во рамките на 20-та литературната манифестација „Средба под јаворите – Видое Подгорец 2021“, синоќа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица б...