Царинската управа информира дека прекинот за товарен сообраќај кон Бугарија ќе трае неколку дена

Четврток, 06 Јуни 2019

„Царинската управа на Република Северна Македонија информира дека поради пожар на Граничниот премин „Златарево“ – Република Бугарија, дојде до застој и прекин како на товарниот, така и на патничкиот сообраќај на Граничниот премин „Ново Село/Златарево“. Поради настанатата ситуација, на овој граничен премин не се пропуштаат патнички и товарни моторни возила. Според информациите кои ги добивме од бугарска страна, прекинот или забраната за товарен сообраќај ќе трае неколку дена, но поради сериозноста на настанот не се во можност да информираат поконкретно. По добивање официјален став од нивна страна, дополнително ќе информираме кога ќе биде пуштен патничкиот и товарниот сообраќај. Им препорачуваме на сите граѓани кои патуваат кон Република Бугарија, да се пренасочуваат алтернативно на другите гранични премини се до оспособување за работа на граничниот премин Златарево – Република Бугарија“ - стои во соопштението од Царинската управа.

Според бугарските медиуми, пожарот избувнал околу 17:00 часот по бугарско време во административната зграда на Граничниот премин „Златарево“, на бугарската страна од границата со Македонија, кај Ново Село, струмичко. Првичните информации укажуваат за настанат краток спој од електричната енергија. Биле запалени кабли, а од тоа пластични панели од внатрешната страна на металната конструкција. Причинета е голема материјална штета, повредени нема.

Патниците од бугарска страна за Македонија ќе бидат пренасочувани кон граничните премини Станке, Лисичково и Ѓуешево.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Србија воведува задолжителни ПСР тестови за македонските државјани

Србија воведува задолжителни ПСР тестови за македонските држ…

Авг 14, 2020 Вести

Од утре (сабота, 15 август), Србија воведува задолжителен ПСР тест за македонските државјани, информираат од Министерството за внатрешни работи на Реп...

ВИДЕО: Како помина првата недела од СОФ 2020

ВИДЕО: Како помина првата недела од СОФ 2020

Авг 14, 2020 Вести

Деветто издание на манифестацијата Струмица ОПЕН фестивал е во тек. Настаните се одвиваат според одобрените протоколи за одржување на настани на отвор...

Денеска Струмица со уште двајца нови случаи на ковид-19, но и 13 оздравени пациенти

Денеска Струмица со уште двајца нови случаи на ковид-19, но …

Авг 14, 2020 Вести

Во последните 24 часа регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 од направените 2.172 тестирања, а починати се три пациенти, двајца од Скопје (60 и 7...

Пронајден е 56-годишниот струмичанец кој од 9 август се трагаше по него

Пронајден е 56-годишниот струмичанец кој од 9 август се траг…

Авг 14, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 12:00 часот, во манастирскиот комплекс „Пресвета Богородица“, на место викано „Ѓуриште“, атар на Свети Николе...

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...