„Струмица ОПЕН фестивал 2019“ во месец јуни со спортско-рекреативни настани

Петок, 07 Јуни 2019

„Струмица ОПЕН фестивал 2019“, стартува во недела, 9-ти јуни, со полумаратон „Струмица на улица“. Месец јуни во знакот на спортски активности кои организаторот на СОФ, Здружението „Културен Забавен живот“, ќе ги организира заедно со локалните спортски клубови.

На првиот настан во недела, полумаратон „Струмица на улица“, ќе учествуваат над 400 учесници и ќе трчат на 5, 10 и 21 километар, а според пријавите, ќе има од рекреативци до професионалци, но и актери, музичари, спортисти, млади лица и повозрасни како и амбасадори, политичари и вработени од повеќе компании кои со настапот ќе упатат порака за спортување и дружење, но и со секој поминат километар ќе донираат за младиот фудбалер Томе Јанев.

По завршувањето на маратонот од 11 до 13 јуни ќе се одржи кошаркарскиот турнир на игралиштето на СОУ „Јане Сандански“. Учество на турнирот ќе може да земат сите рекреативци и љубители на кошарката. Пријавувањето е во тек и ќе трае додека не биде исполнета бројката од 16 екипи. Во моментот пријавени се 13 екипи и има место уште за 3 екипи. Екипите треба да се состојат од 3 + 1 играч. Со плаќање котизација од 1.000 денари секој тим ќе добие по 4 дресови со кои ќе биде задолжително да се настапува на турнирот. Најуспешните три екипи ќе добијат награди од 18.000, 12.000 и 6.000 денари. Најкорисниот играч ќе добие награда од 3.000 денари. Нема да изостанат награди и за публиката. Музичка поддршка ќе бидат DJ Tom, DJ Popeye и Дивизија.

СОФ вело тура за љубители на велосипедизмот. Турата започнува од Струмица, се оди до Габровските водопади и се движи по патот Банско-Борисово. Трае еден ден, на 23 јуни со почеток од 10:00 часот. Тука е и настанот „Мистериите на Беласица“, настан со традиција од четири години со околу 250 учесници. Се состои од искачување на врвот Тумба, многу дружба, многу забава. Дводневен настан кој почнува на 29 јуни од 10:00 часот од струмичкото село Смолари.

Прв пат оваа година како дел од СОФ имаме настан насловен „Вежбаме во парк заедно со Елена“. Ќе се одржи на 17, 19 и 21 јуни со почеток во 19:00 часот во големиот Градски парк покрај езерцето. На настанот ќе бидат поканети членовите на аеробик клубот „Go Fit“, а учество може да земат сите заинтересирани рекреативци, вежбачи и спортисти кои сакаат да бидат дел од настанот.

Настанот Ноќни патеки - епизода „Цареви кули“, предвиден е како ноќно искачување со старт од малиот Градски парк, збирно место за велосипедисти и турата со пешачење, на 25 јуни од 19:00 часот. Турата која ќе ја предводат пешачите ќе оди преку патеката Ловен дом - Св. Илија - Цареви кули. Велосипедистите ќе се упатат директно до Цареви кули преку асфалтираниот пат.

Организаторите на овие спортски активности упатија јавна покана до сите струмичани да бидат дел од спортските активности со свое учество, но и со поддршка за спортски и здрав живот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Фев 24, 2020 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ денеска на гости го загубија натпреварот со скопски „Вардар“ во рамките на второто коло од Втора фаза-1 на нашата најсил...

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традиционалната Ловечка вечер

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традицион…

Фев 24, 2020 Вести

И ловџиите од општина Босилово ја завршија ловната сезона со традиционалната Ловечка вечер која се одржа викендот во хотелот „Цар Самуил“ во Банско. ...

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција од Корона вирусот

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција…

Фев 24, 2020 Вести

Се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Заради новонастаната состојба со корона ...

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Фев 24, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше дека вчера во 16:20 часот 28-годишната Е.К. од село Ангелци, општина Василево, пријавила дека нејзиниот сопруг Т.К. и...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на средба со граѓани од Струмичкиот регион

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на сред…

Фев 23, 2020 Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамките на „Обнова за Македонија“ денеска ги посети населените места во Струмичкиот регион: Ве...

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа за мерките и придобивките во земјоделство

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа…

Фев 23, 2020 Вести

„Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблеми при пласман на производите. Или производите остануваа непрода...

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...