Струмица и Колешино се домаќини на 18-тите „Средби под јаворите“

Петок, 07 Јуни 2019

Од вчера, Струмица и Колешино се домаќини на 18-тите „Средби под јаворите“, манифестација во чест на еден од најплодните македонски писатели за деца, Видое Подгорец.

Денеска во Црквата „Свети Петнаесет“ во Струмица, се одржа Научен симпозиум на тема: „Книжевната оставнина на Видое Подгорец – влог во издигнувањето на современата македонска литература во национален и меѓународен контекст“, на кој учествуваа и говореа писатели, литературни критичари и професори од македонските универзитети.

Доцен д-р Ана Витанова Рингачева смета дека Видое Подгорец не е соодветно третиран од научната јавност и поради тоа мислиме дека навлегувајќи длабоко во неговото дело можеме да извадиме на површина такви вистини коишто, верувајте имаат и универзални пораки.

Професорката Витанова Рингачева вели дека 85-годишнината од раѓањето на Видое Подгорец е навистина преубав повод за да му дадеме посебно значење, односно да почнеме да го разоткриваме и од научна страна, која досега беше маргинализирана.

Писателот за деца Киро Донев, вели дека Видое Подгорец е еден од нашите најплодни автори, има објавено 108 дела од сите жанрови, не само за деца, туку и за возрасни. Иако манифестацијата се одржа првпат во 2002 година, тој смета дека овојпат како да воскреснува повторно, бидејќи му се дава значење на неговото творештво.

Во рамките на манифестацијата „Средби под јаворите – Видое Подгорец“, попладнево во Струмичката библиотека се одржа Детска креативна книжевна работилница, со писатели и илустратори за деца од „Просветно дело“, а вечерва во 19:30 часот во НУЦК „Антон Панов“ е свеченото отворање на манифестацијата.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Средношколци од Струмица освоија пет златни и три сребрени медали на Светскиот ученички куп во САД

Средношколци од Струмица освоија пет златни и три сребрени м…

Ное 14, 2019 Вести

Ученици од струмичките средни училишта оваа недела по трет пат ја претставуваа Македонија на финалето од Светскиот ученички куп, кој се одржува на Уни...

Промовиран проектот за медиумска писменост на Здружението „Скај Плус“

Промовиран проектот за медиумска писменост на Здружението „С…

Ное 14, 2019 Вести

Средношколци, професори по македонски јазик и новинари од Струмица на синоќешната интерактивна средба се запознаа со идните активности кои ќе бидат кл...

Лекарите го одбележаа празникот на вечните лекари Св. Козма и Дамјан

Лекарите го одбележаа празникот на вечните лекари Св. Козма …

Ное 14, 2019 Вести

Традиционално во дворот на Струмичката болница, лекарите и медицинскиот персонал го одбележуваат празникот Св. Козма и Дамјан - вечните лекари на болн...

Перо Христов одржа концерт за 50-те години успешна кариера со трајни вредности

Перо Христов одржа концерт за 50-те години успешна кариера с…

Ное 13, 2019 Вести

Ретко се прави ваков јубилеј, во бракот се вели „златна свадба“, во естрадните води да бидеш 50 години е успешна кариера со трајни вредности. Перо Хри...

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Струмица за две години потроши 38 милиони евра, но дали ги има реализирано ветените мерки и проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Струмица за две години потроши 38 милион…

Ное 13, 2019 Вести

„Во изминатите две години Општина Струмица потроши два буџета од по 19 милиони евра, или вкупно за овие две години нешто над 38 милиони евра. Дилеми...

Сообраќајка на патот Струмица – Валандово, едно лице повредено

Сообраќајка на патот Струмица – Валандово, едно лице повреде…

Ное 13, 2019 Вести

Вчера околу 09:00 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“, со велешки регистарски ознаки, управуван...

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Младинска“ и „Кочо Рацин“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Младинска“ …

Ное 12, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Македонците во Швајцарија организираат хуманитарна забава за помош на Михаела Петрова, Никола Новоселски, Ирена Танчева, Томе Јанев

Македонците во Швајцарија организираат хуманитарна забава за…

Ное 12, 2019 Вести

Членовите на Македонското друштво „Пирок“ од Швајцарија, во сабота на 16 ноември од 18:00 часот организираат голема Хуманитарна забава, на која ќе се ...