„Струмица ОПЕН фестивал 2019“ ќе трае 10 недели и ќе понуди дури 30 настани

Сабота, 08 Јуни 2019

„Струмица ОПЕН фестивал 2019“ почнува утре и ќе трае до 18 август. Богато културно, спортско и забавно лето најавуваат организаторите, здружението „Културен забавен живот“ и покровителот, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

На денешната прес конференција, Печков и Јаневски ја презентираа целата програма. Ќе има дури 30 настани во следните десет недели. Стартот на СОФ ќе се стартува со трчање по улиците на Струмица, односно со полумаратон „Струмица на улица“ со над 400 учесници.

Месец јуни е во знакот на спортот и спортските активности. Ќе се одржат пет спортски настани на различни локации, а освен во градот, СОФ и на Царевите кули и планината Беласица.

Трката на келнери, јубилејно по 10-ти пат на плоштадот во Струмица, на 8 јули со нови трки и предизвици за келнерите. Традиционално ќе има и Вечер на поезија, Вечер на афоризми, Ликовна работилница, филмски проекции покрај езерцето на неколку анимирани филмови од домашни режисери и проекција на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“. Овие културно-уметнички настани ќе се случуваат во месец јули.

Во средината на месец август Струмица ќе пулсира во ритамот на 40 артисти од Македонија и странство. Ќе бидат активирани двете музички сцени и тоа: мала сцена „Чешмичка“ од 9 до 15 август и голема сцена плоштад „Гоце Делчев“ од 16 до 18 август.

Во месец август на малата музичка сцена кај „Чешмичката“ ќе настапат Игор Џамбазов & Гуру Харе, а локална поддршка ќе биде Јовче Пандев. Тука ќе бидат и АРЕА, нивна локална поддршка е младиот авторски бенд Дактили.

На Џез вечерта ќе настапат Летечки пекинезери и Дактили. Камерниот оркестар на Битола ќе гостува со James Bond симфонија, а локална поддршка ќе им бидат Dismissed/Дисмисд. 

Традиционално и летната школа за гитара со уникатна гитарска симфонија на менторите Васко Пиличев и Дамјан Пејчиновски.

После подолго време ќе се одржи „Вечер во чест на Тоше Проески“. Неговите хитови ќе бидат отпеани од солистите Александра Јанева, Васил Гарванлиев и Марко Логаут.

На затворањето на малата сцена кај Чешмичката, на 15 август, градот ќе пулсира во ритамот на турнејата која споделува една љубов преку границите на Северна Македонија и Бугарија.

„Верувам дека годинава СОФ ќе го забрза ритамот на градот и на свој веќе препознатлив начин ќе ги разубави летните ноќи на 13-те отворени локации во Струмица и околината. Особено задоволство ми претставува тоа што фестивалот бележи огромен раст на бројноста и квалитетот на настаните. Од фестивал со 7-дневна програма денес сме тука за да презентираме програма од тримесечно културно лето. Интернационалните гости, не само како дел од програмата, туку и како посетители кои ги полнат хотелските капацитети во месец август се вистински показател за растот на оваа манифестација во силен струмички бренд. Општина Струмица и Советот на Општина Струмица продолжуваат со поддршка на фестивалот која и годинава изнесува 3 милиони денари со цел  Струмица ОПЕН Фестивал и во годините кои следуваат да го оддржува и надградува воспоставеното ниво на квалитет, преку организирање на поголеми и побројни настани и обезбедување на настап на уште попознати музички ѕвезди“ – изјави на денешната прес конференција, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...

Почна „Струмица ОПЕН фестивал 2020“, со поинаква приказна

Почна „Струмица ОПЕН фестивал 2020“, со поинаква приказна

Авг 11, 2020 Вести

Под мотото „Поинаква приказна“ во Струмица започна 9-то издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“. Поради пандемијата со коронавирусот фестивалот ова г...

Исчезнат е 56-годишен маж од Струмица, полицијата трага по него

Исчезнат е 56-годишен маж од Струмица, полицијата трага по н…

Авг 10, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа во 22:45 часот во Полициската станица, К.А. (30) од Струмица пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко А.А...

Компанијата „Екофризер“ од Струмица вработува

Компанијата „Екофризер“ од Струмица вработува

Авг 10, 2020 Веб Билборд

„Екофризер“ е македонска дистрибутивна компанија која работи како генерален застапник за производите Лакталис, ВеМилк и Вива сокови за југоисточна Мак...

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Авг 10, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 07:30 часот, на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В. (31...

Новозаболен со ковид-19 во Струмица, во последните 24 часа 200 новозаболени во државата

Новозаболен со ковид-19 во Струмица, во последните 24 часа 2…

Авг 08, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа во Македонија, од направените 1828 тестирања, регистрирани се 200 нови лица позитивни на ковид-19, меѓу кои и едно лице во Струм...