Младите фудбалери на ФФМ најдобри на турнирот „Филип Лазаревски“ во Струмица

Понеделник, 10 Јуни 2019

Викендот во Струмица на општинското игралиште со вештачка трева „Филип Лазаревски“, се одржа вториот Меморијален турнир во чест на починатиот млад фудбалер на „Академија Пандев“, Филип Лазаревски.

Победник е екипата на Фудбалската Федерација на Македонија, а на турнирот, кој е од меѓународен карактер, учествуваа четири екипи. Освен екипата на ФФМ, составена од фудбалери од фудбалската паралелка од Скопје, настапија и фудбалерите родени 2002 на ФК „Академија Пандев“, генерацијата каде настапуваше Лазаревски, ФК „Реал Ниш“ од Србија и ФК „УВВ Утрехт“ од Холандија.

Турнирот се играше по форматот секој со секого, при што секоја екипа одигра по три натпревари. Селекцијата на ФФМ со три победи и вкупно 9 освоени бода беше најдобра и го освои турнирот. Втори беа домаќините, фудбалерите на „Академија Пандев“, третото место го освоија гостите од Србија, екипата на „Реал Ниш“, а последен на турнирот беше тимот од „УВВ Утрехт“ од Холандија.

За најдобар голман на турнирот е прогласен Димитрија Стевановиќ од тимот на „Реал Ниш“, признанието најдобар играч го доби Мете Максимов  од селекцијата на ФФМ, а за најдобар стрелец е прогласен Кире Митков од „Академија Пандев“.

Наградите и признанијата на најдобрите екипи и поединци им ги доделија претставници од семејството на Филип Лазаревски, но и од „Академија Пандев“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП во одбојка

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП в…

Сеп 16, 2019 Вести

Репрезентација на Македонија ја освоија првата победа во историјата на Европските првенства. Вечерва во Љубљана, Македонија предводена од најдобрите о...

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...