МВР распиша оглас за прием на 600 полицајци, ќе се примат и 50 во СВР Струмица

Четврток, 13 Јуни 2019

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци. На огласот се бараат полицајци за секторите за внатрешни работи во Скопје, Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Велес, Штип и Куманово како и за Регионалните центри за гранични работи – Север, Запад, Југ и Исток.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование, активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот, да има завршено најмалку четиригодишно средно образование, да е здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови: потребна телесна висина од најмалку 175 сантиметри за мажи, односно 165 сантиметри за жени и висока лична физичка подготвеност.

Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец, формирана од страна на министерот, која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази: административна селекција на поднесената документација, проверка на моторички способности, психолошки тест, писмено тестирање, интервју, безбедносна проверка и здравствени прегледи.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Филипче од Струмица: Ќе се набави лекот за децата кои боледуваат од мускулна спинална дистрофија, во следните 4 години одобрени над 930 специјализации

Филипче од Струмица: Ќе се набави лекот за децата кои боледу…

Јун 25, 2019 Вести

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче по отворањето на 7-от интернационален Конгрес на педијатри во Струмица, информираше дека на денешната седни...

ВЛАДА: Ќе се преиспита исполнувањето на правната основа за рудникот Иловица

ВЛАДА: Ќе се преиспита исполнувањето на правната основа за р…

Јун 25, 2019 Вести

Владата на Република Северна Македонија на денешната 141 седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполне...

По вториот уписен рок примени се 114 нови средношколци

По вториот уписен рок примени се 114 нови средношколци

Јун 25, 2019 Вести

Вчера и денеска во трите средни општински училишта во Струмица се запишале 114 полуматурани во прва година средно образование. Во СОУ „Јане Сандански...

ФОТО: Се чистеше трим патеката од Ловен дом до манастирот „Свети Илија“

ФОТО: Се чистеше трим патеката од Ловен дом до манастирот „С…

Јун 25, 2019 Вести

Вчера екипи на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, во рамките на еколошката кампања „Еко Фронт“, реализираа акцијата за чистење на трим патеката од Ловен до...

Во Струмица одбележан 63-от роденден на загинатиот претседател Борис Трајковски

Во Струмица одбележан 63-от роденден на загинатиот претседат…

Јун 25, 2019 Вести

Струмица ја одбележа 63-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Споменикот „Македонија“ п...

Општина Струмица оддели пари за невладините организации, ќе им даде околу 50.000 евра, еве кои добија

Општина Струмица оддели пари за невладините организации, ќе …

Јун 25, 2019 Вести

Општина Струмица и годинава ќе им додели финансиски средства на здруженија на граѓани кои работат на територијата на општината, за поддршка на нивни п...

Вечерва качување до Царевите кули над Струмица, едни со пешачење, други со велосипеди

Вечерва качување до Царевите кули над Струмица, едни со пеша…

Јун 25, 2019 Вести

Вечерва со пешачење и велосипеди ќе се одржи Ноќна тура до локалитетот Цареви кули. Собирно место е малиот Градски парк, со тргнување во 19:00 часот, ...

Се продава куќа во Струмица

Се продава куќа во Струмица

Јун 25, 2019 Веб Билборд

Се продава стара куќа со двор, со вкупна површина од 400 метри квадратни на улицата (плоштад) „29-ти Ноември“ број 21 во Струмица. Подетални информаци...