Екипата на „БУ кафе“ најдобрa на Street Basket 2019

Петок, 14 Јуни 2019

Екипата на „BU coffe“ е најдобра на годинашното издание од тридневната улична кошарка „Street Basket 2019“, која во рамките на „Струмица ОПЕН фестивал“ се одржуваше на кошаркарското игралиште во дворот на СОУ „Јане Сандански“.

Во вечерашното финале екипата на „BU coffe“ ја победи екипата на „Boulevard Bucks“. Третото место го освои екипата на „Книжарница 5+“. За најкорисен играч е прогласен Александар Шајкаров од екипата на „BU coffe“.

Екипите се натпреваруваа за награден фонд од 40.000 денари. Првопласираната екипа освои пехар, медаљи и парична награда од 18.000 денари, второпласираната екипа 12.000 денари, додека третопласираната екипа парична награда од 6.000 денари. За MVP, награда од 3.000 денари.

На годинашниот „Street Basket“ учествуваа 16 екипи, составени од 3+1 играч.

СОФ организираше и награди за публиката, која во изминатите три дена ја имаше во голем број на натпреварите кои се играа во вечерните часови. За „тројка“ и „лична“ публиката беше наградувана со ваучер од 1.000 денари, пернички од „АЛМАК“ Струмица и крпи од „Фротирка“ Делчево, а крпи од оваа делчевска компанија добија и наградените играчи од финалното натпреварување. За добра забава на публиката покрај кошаркарските натпревари имаше и музички настапи на Дивизија и DJ Popeye.

„Street Basket 2019“ е поддржан од Општина Струмица, Агенција за млади и спорт, Делегација на Европската унија, Јанев компани, Бу кафе, Еснаф, Сендвич бар.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП во одбојка

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП в…

Сеп 16, 2019 Вести

Репрезентација на Македонија ја освоија првата победа во историјата на Европските првенства. Вечерва во Љубљана, Македонија предводена од најдобрите о...

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...