Од Струмица започна со работа РАДИО МАРИЈА Македонија на Католичката црква

Недела, 16 Јуни 2019

Со благослов на д-р Киро Стојанов, Бискуп скопски и епископ струмичко скопски, денеска напладне и официјално започна со работа Радио Марија Македонија, непрофитно радио на Католичката заедница во Македонија, кое е дел од семејството на радио станици во 80-тина земји во светот.

„Денес сме радосни и благодарни на Бога што од денес можеме и на овој современ начин да навестуваме преку радио брановите на Радио Марија. Главна цел на оваа радио е: Божјото слово во секоја куќа. На овој начин навестувањето на спасението доаѓа и до болните и немоќните и до оние кои Бога го познаваат, но и до оние кои Бога искрено го бараат. Нашата програма е исклучиво верска и исклучиво се потпира на вас, драги слушатели. Наменен е до сите луѓе со добра волја“ – рече во своето обраќање д-р Киро Стојанов.

Радио Марија емитува 24-часовна програма на FM 106,5 MHz, од студиото кое се наоѓа во административната зграда на Католичката црква „Св. Иван Крстител“ во Струмица. На програмата може да се слушнат молитви за секакви намени, вести, отворено-контактни емисии, а музиката е исклучиво македонска, фолк и забавна.

„Ние сакаме да бидеме блиски до граѓаните, до нашите слушатели и да живееме со нивните потреби, со нивните неволји, со нивната среќа, со нивната тага, се сакаме заеднички да споделуваме, па така и програмата на Радио Марија е концепирана на три дела. Едниот дел е молитва, и во неа ние молиме за најразлични потреби на нашите слушатели. Еве како пример, се молевме за лицата кои се болни, за полуматурантите, матурантите, за возачите и така натаму. Значи секој ден имаме една посебна група на наши слушатели во нашите молитви и сметаме дека е многу важно за луѓето да се молиме. Втор дел од концептот на Радио Марија е навестување на словото Божјо во кое ќе говориме за конкретни работи од црквата, од евангелието, од светите тајни, актуелни етички, морални предизвици во нашето општество и третиот дел е од секојдневните работи коишто не погодуваат сите нас“ – вели отец Гоце Костов, директор на Радио Марија Македонија.

Радиото од студиото во Струмица ќе емитува и контактни емисии со вклучување во живо на слушатели, гости во студиото на одредена тема, а освен преку радио, Радио Марија може да се слуша и преку мобилен телефон со Андроид апликацијата Радио Марија Македонија и преку интернет и веб страната www.radiomarija.mk

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Сеп 18, 2019 Веб Билборд

Продавница за прехранбени производи, што се наоѓа во Градскиот пазар „Глобал“ во Струмица има потреба од продавачка. Подетални информации и пријавувањ...

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода за пиење

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода з…

Сеп 18, 2019 Вести

Жителите од населените места Босилово, Турново, Секирник, Радово, Бориево, Еднокуќево и Робово во општина Босилово, денеска останаа без вода за пиење...

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред болницата на протест

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред бо…

Сеп 18, 2019 Вести

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“, денеска од 11:00 до 11:30 часот пред „главната болница“ на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, ...

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Сеп 18, 2019 Магазин

Под наслов „Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште“, порталот „Слободен печат“ пишува за струмичанката Ѓурѓа Ѓоргиева од струмичкото село Ста...

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...