Ученици од ООУ „Видое Подгорец“ од Колешино најдобри на Балканијадата во Косово

Недела, 16 Јуни 2019

Училишниот тим во футсал на ООУ „Видое Подгорец“ од Колешино го освои Балканскиот шампионат за основни училишта во женска конкуренција. На завршниот турнир во Приштина, Косово ученичките од оваа училиште доминираа пред двете екипи од Косово и Албанија и ја освоија титулата Балкански шампионки.

Во првото коло со 15:1 го совладаа тимот од Албанија, во второто славеа против Косово А, со 5:1, а со вториот косовски преставник одиграа 2:2.

Со скор од две победи и едно реми, девојките од училиштето од Колешино, предводени од тренерот, наставникот Спаско Милков го освоија златото на Балканското првенство во футсал за ученички тимови од основни училишта - женска конкуренција.

Жителите на Колешино денеска ги пречекаа Балкански шампионки во футсал, кои пристигнаа со златото и сите заедно ја славеа оваа голема победа за основците, претставувајќи ја Македонија на оваа Балканско првенство.

Екипата на наставникот Спаско Милков е составена од ученички од 6 до 9 одделение. Тие веќе две години доминираат во училишниот спорт кога станува збор за женскиот фудбал. Тренираат постојано на отвореното училишно игралиште и нижат резултати.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

Сеп 13, 2019 Вести

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ единствената награда за високо актерско достигнување ја додели на хрватскиот актер Драшко Зидар, за улогат...