Активисти блокираа археолошки истражувања за рудникот Иловица

Понеделник, 17 Јуни 2019

Активисти од граѓански организации заедно со жители од Иловица и Штука со жив ѕид и моторни возила денеска го блокираа патот до рудникот „Иловица-Штука“ на планината Огражден.

Граѓанското здружение „Здрава Котлина“ на социјалните мрежи соопшти дека со овој потег „започнува нова фаза“ на нивната борба против актвностите на концесионерот за рудникот „Еуромакс Рисорсис“, кој како што наведуваат, веќе три години оперира со истечена концесија.

Во објавата се вели дека денеска активистите со употреба на жив ѕид и блокади запреле „конвој археолози и работници на Еуромакс Рисорсис“, кој како што се вели за кратко време се повлекле.

„Денес го спроведуваме на дело она што подолго време го зборуваме и за кое предупредуваме дека нема да дозволиме никому, по ниту една цена, никога да има рудник над нашите глави“, велат од „Здрава Котлина.“

Во објавата на граѓанската организација е наведено дека ги предупредуваат „Еуромакс Рисорсис“ да ја разберат пораката и бараат Владата во најскоро време да донесе решение и „согласно законите“ да ја одземе концесијата на компанијата за рудникот.

Од граѓанската организација „Еко-долина“ велат дека сомневањата во објективноста на археолозите од Музејот во Струмица, се поради тоа што дошле да ги прават истражувањата на терен облечени во облека со логото на „Еуромакс Рисорсис“, како и со возила на компанијата. Активистите наведуваат дека блокадите нема да престанат додека не и биде одземена „истечената концесија на Еуромакс“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Сеп 18, 2019 Веб Билборд

Продавница за прехранбени производи, што се наоѓа во Градскиот пазар „Глобал“ во Струмица има потреба од продавачка. Подетални информации и пријавувањ...

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода за пиење

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода з…

Сеп 18, 2019 Вести

Жителите од населените места Босилово, Турново, Секирник, Радово, Бориево, Еднокуќево и Робово во општина Босилово, денеска останаа без вода за пиење...

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред болницата на протест

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред бо…

Сеп 18, 2019 Вести

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“, денеска од 11:00 до 11:30 часот пред „главната болница“ на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, ...

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Сеп 18, 2019 Магазин

Под наслов „Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште“, порталот „Слободен печат“ пишува за струмичанката Ѓурѓа Ѓоргиева од струмичкото село Ста...

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...