Триесет затвореници од Струмичкиот затвор ќе се обучуваат за мајстори

Среда, 19 Јуни 2019

Од Струмица ќе започнува примената на Законот за пробација, која овозможува стекнување вештини и знаења кај затворениците за да можат полесно да се вклопат на пазарот на трудот и затворската казна да ја заменат со условен отпуст.

На иницијатива на Здружението „Зелена лупа“, а со поддршка на Цивика Мобитас, во Струмица се формираше локално Координативно тело кое ќе го имплементира проектот со 30 осуденици од затворот во Струмица. Во него ќе членуваат претставници од Судот, Јавното обвинителство, МВР, Министерството за труд и социјална политика и Струмичкиот затвор.

Затворениците во Струмица ќе учат изработка на елементи од бетон и ќе добијат сертификати за стекнати знаења. Тие што ќе ја поминат обуката, а казната затвор ја имат одлежено најмалку половина, ќе можат да се надеваат на условно отпуштање од затворот.

„Се планираат три обуки по 10 затвореника. По секоја обука тие ќе добијат сертификати за стекнати знаења и на крај со бизнис заедницата ќе им бидат обезбедни работни места и во соработка со Судот и Обвинтиелството за одредени лица за кои ќе се обезбедат сигурни работни места, да излезат порано од затвор, односно да се случи промена на затворската казна која е при крај со замена на условен отпуст“ - рече Ване Цветанов од „Зелена лупа“.

Градоначалникот Коста Јаневски верува дека Струмица ќе биде пример за практична имплементација на законот.

„Посакувам алтернативните мерки кои се дел од овој проект, а  се во функција на ресоцијализација на затворениците, да го подмрднат од „мртва точка“ постоечкиот закон за пробација, но и да дадат резултaти кои ќе бидат од општо добро, како за заедницата, така и за општеството во целост” - рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП во одбојка

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП в…

Сеп 16, 2019 Вести

Репрезентација на Македонија ја освоија првата победа во историјата на Европските првенства. Вечерва во Љубљана, Македонија предводена од најдобрите о...

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...