628 средношколци се запишале во трите училишта во Струмица, најголем интерес за здравствената струка во СОУ „Димитар Влахов“

Среда, 19 Јуни 2019

Во изминатите два дена се реализира уписот во прва година на територијата на целата држава. Во првиот упис за полуматурантите во трите средни општински училишта во Струмица се запишани вкупно 628 ученици.

Во СОУ „Јане Сандански“ вкупниот број за нови средношколци изнесува 374 за во 11 паралелки, на 17 и 18 јуни во оваа училиште се запишале 222 ученици, додека во СОУ „Никола Карев“ од планирани 544 ученици поделени во 16 паралелки се запишале 252 ученици.

Најголем интерес имало за здравствената струка во СОУ „Димитар Влахов“. Планирани се три паралелки со 102 ученици, а се пријавиле дури 129, додека за останатите струки 83 ученици се примени или вкупно во оваа училиште по првиот упис примени се 154 ученици. Во здравствените струки за медицинска сестра примени се само тројца ученици, додека за 44 ученици ќе има квалификационо тестирање на 21 јуни, а во оваа паралелка ќе се примат уште 31 ученик.

Инаку, во оваа училиште според конкурсот на Министерството за образование и наука се планирани 374 ученици во прва година со 11 паралелки.

Општинскиот инспектор за образование при Општина Струмица, Зоран Узунов, вели дека најмал интерес има во тригодишното образование во занимањата поледелец, монтер за сува градба и електричар-електромонтер, каде нема пријавено ниту еден ученик.

Слободни места има за 633 ученици во трите средни училишта во Струмица. Во СОУ „Јане Сандански“ има за 152 ученици, во СОУ „Никола Карев“ за 292 и во СОУ „Димитар Влахов“ има за уште 189 ученици.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 година. Третото пријавување ќе се врши на 1 јули.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Водоча е пронајдена жената која беше пријавена за исчезната

Во Водоча е пронајдена жената која беше пријавена за исчезна…

Ное 16, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека на 15.11.2019 во Полициска станица Струмица, Д.А. (60) од село Дабиле пријавил дека од домот се одалечила неговата ќерка С...

Исчезната е 34-годишна струмичанка, полицијата ја бара

Исчезната е 34-годишна струмичанка, полицијата ја бара

Ное 15, 2019 Вести

Од утрово е исчезната 34-годишната струмичанка С.А. Според информациите од нејзиното семејство последен пат е видена околу 9 часот на плоштадот во Стр...

ИНТЕРВЈУ со Виолета Врешкова Накова, сопственичка на Струмичкиот бренд за здрава храна „ВИОНА“

ИНТЕРВЈУ со Виолета Врешкова Накова, сопственичка на Струмич…

Ное 15, 2019 Магазин

Првата специјализирана продавница за здрава и органска храна во Струмица - „ВИОНА“, која се наоѓа во зградата до Основниот суд, утре ја одбележува 6-т...

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во градот поради настанат дефект на водоводна цефка

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во градот поради…

Ное 15, 2019 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради настанат дефект на водоводна цефка, од утрово во прекин е водоснабдувањето на улицата „Елка Јанкова“ до по...

Средношколци од Струмица освоија пет златни и три сребрени медали на Светскиот ученички куп во САД

Средношколци од Струмица освоија пет златни и три сребрени м…

Ное 14, 2019 Вести

Ученици од струмичките средни училишта оваа недела по трет пат ја претставуваа Македонија на финалето од Светскиот ученички куп, кој се одржува на Уни...

Промовиран проектот за медиумска писменост на Здружението „Скај Плус“

Промовиран проектот за медиумска писменост на Здружението „С…

Ное 14, 2019 Вести

Средношколци, професори по македонски јазик и новинари од Струмица на синоќешната интерактивна средба се запознаа со идните активности кои ќе бидат кл...

Лекарите го одбележаа празникот на вечните лекари Св. Козма и Дамјан

Лекарите го одбележаа празникот на вечните лекари Св. Козма …

Ное 14, 2019 Вести

Традиционално во дворот на Струмичката болница, лекарите и медицинскиот персонал го одбележуваат празникот Св. Козма и Дамјан - вечните лекари на болн...

Перо Христов одржа концерт за 50-те години успешна кариера со трајни вредности

Перо Христов одржа концерт за 50-те години успешна кариера с…

Ное 13, 2019 Вести

Ретко се прави ваков јубилеј, во бракот се вели „златна свадба“, во естрадните води да бидеш 50 години е успешна кариера со трајни вредности. Перо Хри...