Четврти ден од блокадите за археолошкото истражување на Огражден, дојдоа и градоначалниците Зимбаков и Андонов

Четврток, 20 Јуни 2019

Четврти ден активистите против рудници не дозволија археолозите од НУ „Завод и Музеј“ од Струмица да заминат на истражување на просторот каде што е планиран да се гради рудникот Иловица-Штука. Стравуваат дека со археолошките истражувања се отвора вратата за изградба на рудник, кој според нив ќе донесе колапс во Стумичката котлина – пишува порталот www.drnka.mk

Рано утрово состојбата се наелектризирала, откако на планината Огражден се појавиле и локални жители, ангажирани со договор на дело од компанијата концесионер, за да помогнат при истражувањата на Струмичките археолози. Според порталот, полицијата нив ги стопирала на стотина метри од активистите, за да не дојде до било каков судир и физички контакт.

Меѓу активистите против рудници и групата граѓани кои сакаа да работат, оти биле ангажирани од „Еуромакс“, се појавиле и гадоначалниците на општините Босилово и Ново Село, Зоран Зимбаков и Никола Андонов, на чии територии треба да никне рудникот. Тие ги сослушале нивните ставови и најавиле дека ќе биде пренесено на централната власт, а од Владата ќе барат да се изјасни за овој рудник – пренесува www.drnka.mk

Струмичкиот музеј ангажиран од компанијата „Еуромакс“ од 1 јуни почна со археолошки истражувања на просторот каде треба да се гради рудникот, за да утврди дали има било какво културно наследство. Активистите против рудници, преку градоначалниците упатија, порака до Владата, дека доколку во најкус можен рок не го раскине договорот со „Еуромакс“, нивните блокади и протести ќе се радикализираат.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Сеп 18, 2019 Веб Билборд

Продавница за прехранбени производи, што се наоѓа во Градскиот пазар „Глобал“ во Струмица има потреба од продавачка. Подетални информации и пријавувањ...

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода за пиење

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода з…

Сеп 18, 2019 Вести

Жителите од населените места Босилово, Турново, Секирник, Радово, Бориево, Еднокуќево и Робово во општина Босилово, денеска останаа без вода за пиење...

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред болницата на протест

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред бо…

Сеп 18, 2019 Вести

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“, денеска од 11:00 до 11:30 часот пред „главната болница“ на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, ...

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Сеп 18, 2019 Магазин

Под наслов „Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште“, порталот „Слободен печат“ пишува за струмичанката Ѓурѓа Ѓоргиева од струмичкото село Ста...

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...