Загинаа во воениот конфликт во 2001 година, млади на 19 и 25-годишна возраст, денеска одбележување за спомен во нивна чест

Недела, 23 Јуни 2019

Пред Споменикот на загинатите бранители на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, денеска беше одбележана 18-годишнината од загинувањето на младите македонски бранители, Атанас Јанев од Струмица, специјалец во ПЕП, и Кољо Китанов од Сарај, приправник на АРМ на отслужување на редовниот воен рок, учесници во воениот конфликт во Република Македонија во 2001 година.

За двајцата бранители Атанас, кој загина на 25-годишна возраст и Кољо, на 19 години, говореше началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски.

„Нашата благодарност кон нивното дело секогаш ќе биде премала во споредба со нивната саможртвеност, втемелена во иднината на својата татковина. Знам дека никогаш целосно не можеме да им се оддолжиме на луѓето кои ги дадоа своите животи за Македонија, но можеме и мораме да им оддадеме почит и засекогаш да се сеќаваме. Нашето присуство овде, пред спомен обележјето во чест на загинатите бранители од Струмица е најголема потврда дека имињата на нашите Кољо Китанов и Атанас Јанев, не се и никогаш нема да бидат заборавени. Сеќавањето на деновите од воениот конфликт е сеќавање на времето на хероите, сеќавање на деновите на македонскиот непокор, гордост и слава“ – рече во своето обраќање началникот Пројковски.

Пред споменикот на бранителите свежо цвеќе положија членови на семејството на Атанас Јанев, на семејството на Кољо Китанов, претставници на Советот на општината, претставници на Секторот за внатрешни работи од Струмица и Скопје, здруженија и граѓани, а членови на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ изведоа рецитал за бранителите.

Кољо Китанов е роден на 2 септември 1981 година во струмичкото село Сарај. Кољо во себе носеше комитска крв и беше патриотски настроен. Неговиот прадедо бил соработник на Даме Груев и сведок на неговото убиство кај Петлец, близу Русиново, беровско. Неговиот дедо Јаким Китанов за време на Втората светска војна активно се борел против балистичките чети на Шар Планина, каде што неговиот внук ќе загине во 2001 година. На 6 јуни 2001 година, Кољо е убиен од терористичка банда во близина на тетовското село Гајре, заедно со неговиот старешина, водникот Исак Руфати. Беа пречекани во заседа и изрешетани во военото „пик-ап“ возило со кое носеле храна до своите колеги на Шар Планина.

Атанас Јанев е роден на 23 август 1976 година во Струмица. Неговата фамилија потекнува од струмичкото село Мокриево. Во детството секогаш сакал со постарите да муабети и да слуша за минатото на својот народ и земја. Уште тогаш го имал патриотскиот дух. При секое минување низ градскиот плоштад, застанувал и се поклонувал пред споменикот на Гоце Делчев, не претпостувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Премногу го почитувал и споменувал ликот и делото на Гоце Делчев. После полнолетството, Атанас имал силни желби да и служи на татковината и да се приклучи во специјалците. Откако е вработен како полицаец, тој брзо напредувал и станал припадник на струмичката Посебна единица на полиција. Кога започнал воениот конфликт во 2001 година, го прифати татковинскиот позив и останаа достоен и верен на заклетвата. Неколку месеци пред да почне војната во 2001 година, во декември 2000 година тој стапил брак со неговата сопруга Зорица, која веќе била бремена и очекувале прво дете. Атанас не доживеа да си го дочека и да го фати во раце своето чедо, кое денес го носи и неговото име, Атанас, има 18 години и присуствуваше на денешниот помен во чест на неговиот татко. Атанас Јанев загинал во битката за Арачиново на денешен ден, 23 јуни 2001 година.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска во болницата во Струмица хуманитарна организација од Австрија достави полн шлепер со медицинска опрема

Денеска во болницата во Струмица хуманитарна организација од…

Јун 04, 2020 Вести

Шлепер со медицинска опрема на транспортната компанија „Зиго-Шпед“ од Радовиш, денеска во струмичката болница донесе донација од Австрија испратена од...

Пазарите во Струмица во сабота ќе работат од 6 до 14 часот

Пазарите во Струмица во сабота ќе работат од 6 до 14 часот

Јун 04, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека зелените пазари ТЦ „Глобал“, „Чешел“ и „Кантон“ во петок ќе бидат затворени, а во сабота „Чешел“ и „Кант...

Струмичката полиција ќе ги зачести контролите, апелираат до угостителите, маркетите и граѓаните да ги почитуваат протоколите и мерките

Струмичката полиција ќе ги зачести контролите, апелираат до …

Јун 04, 2020 Вести

Секторот за внатрешни работи Струмица, упатува апел до сопствениците на угостителски објекти и сопствениците на маркети строго да ги почитуват прецизн...

Денеска рекордни 120 новозаболени со коронавирусот, еден регистриран и во Струмица

Денеска рекордни 120 новозаболени со коронавирусот, еден рег…

Јун 04, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Најголема бројка досега на новозаразени со коронавирусот во државата во еден ден. Денеска се регистрирани 120 нови случаи, од кои еден и во Струмица, ...

На 10 јуни ќе се прска против комарци по земјен пат

На 10 јуни ќе се прска против комарци по земјен пат

Јун 04, 2020 Вести

Од Општина Струмица информираат дека на 10 јуни (среда) во периодот од 18:00 до 02:00 часот во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село ќе с...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС три дена го прославува „големиот празник“ - денот кога ја презеле власта во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС три дена го прославува „големиот празник“ - …

Јун 03, 2020 Вести

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција на прес конференцијата на Марјан Даскаловски, претседател на струмичкото СДСМ. СДС три де...

„Комуналец“ во пресрет на празникот Задушница ги чистеше Градските гробишта

„Комуналец“ во пресрет на празникот Задушница ги чистеше Гра…

Јун 03, 2020 Вести

Екипи од повеќе единици на ЈПКД „Комуналец“ пред верскиот празник Задушница организираа акцијата за чистење и уредување на Градските гробишта во Струм...

Полицискиот час повторно на сила, во петок, сабота и недела се забранува посета на гробиштата, освен за погреби

Полицискиот час повторно на сила, во петок, сабота и недела …

Јун 03, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењ...