Денеска во Домот на АРМ во Струмица се одржа регионална Јавна расправа за Нацрт Законот за основното образование и Нацрт Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, со министерот за образование и наука, Арбер Адеми, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и директорите на основните и средните училишта во Струмичкиот регион.
Според министерот Адеми, новите закони треба да го подобрат квалитетот на основното образование и статусот на просветните работници.
„Се работи за воведување на национални стандарди базирани на компетенции кои треба да ги стекнат учениците во основното образование. Се предвидува да не се работат саботите, школската година да не мора да заврши на 10 јуни, туку може да се продолжи доколку некој ден треба да се одработува. Нудиме конкретни квалитативни решенија околу деполитизација и депатризација на основното образование, така во одборот на училиштето наместо 9 члена ќе има 7 члена, по 3 од наставниците и родителите и еден член од основачот општината. Одборот на училиштето ќе предлага директорот, а градоначалникот е должен да го именува, а доколку не го испочитува предвидениот рок тоа ќе го направи министерот“ - изјави министерот Адеми.
Тој додаде дека има новини и во нутритивниот дел кој се однесува на исхраната на учениците, потоа професионалната ориентација на учениците, инклузивното образование, финансиска поддршка за учество на натпревари и слично. Промени ќе има и во професионалната надградба на наставниците и стручните соработници, со цел да има што повеќе мотивирани просветни работници.
Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, ги повика присутните да ги дадат своите забелешки и во однос на законите, се со цел да се имплементира квалитетно законско решение.
„Она што со сигурност можам да го кажам е дека Законите се мошне прогресивни, како за квалитетот на воспитно – образовниот процес, така и за професионалниот развој на наставниците, а особено се важни во делот на ползување европски практики во инклузивното образование, со што државата се обврзува да обезбеди квалитетни сервиси за поддршка на децата со попреченост. Општина Струмица ги поддржува овие системски реформи во образованието, разбирајќи ги како национален приоритет, со што директно е посветена за нивно донесување и имплементација“ – рече градоначалникот Јаневски.
.
.
Дек 13, 2019 Вести
Пет лица од струмичките села Муртино и Банско се лишени од слобода под сомневање дека се инволиврани во шверц со мигранти. Како што информират од СВР ...
Дек 13, 2019 Магазин
Вечерва од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица познатите интернационални музички состави од Бугарија Intelligent Music projec...
Дек 12, 2019 Вести
Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во селото Куклиш го пуштија во...
Дек 12, 2019 Вести
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Донев и денеска одржа прес конференција, упатувајќи неколку прашања до град...
Дек 12, 2019 Магазин
Вечерва завршуваат активностите по повод патрониот празник на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици со концерт на Ленче и ...
Дек 12, 2019 Вести
Струмица ќе го добие првиот Дом за стари лица. Познатиот угостителски комплекс „Цареви кули“ над Струмица се реновира во Дневен центар за стари лица, ...
Дек 12, 2019 Вести
Во Индустриската зона кај Василево вчера околу 18:00 часот е лишен од слобода М.О. (41) од скопско Зелениково, во чие товарно моторно возило полицијат...
Дек 11, 2019 Вести
Тимот на Јувентус до 19 години изминатите месеци учествува на Младинската лига на УЕФА, а во екипата на „старата дама“ игра и Никола Секулов, по потек...