Ансамблот „Тримери“ спрема нов репертоар, планирани се настапи во Турција, Романија, Португалија, Шпанија

Петок, 28 Јуни 2019

Ансамблот „Тримери“ од Струмица интензивно се подготвува за летните настапи на повеќе манифестации каде ќе го презентира македонскиот фолклор и традиционалните македонски ора.

Како што информираат од овој ансамбл, момчињата и девојчињата интензивно тренираат и ги усовршуваат кореографиите, овој пат под палка на двајца етнокореолози, Александар Арсов и Симе Стоилов, од Факултетот за музичка уметност во Штип, кои се истакнати во презентацијата на македонските ора, бидејќи работат со повеќе ансамбли.

Според програмата, „Тримери“ ова лето ќе настапат на манифестацијата „Илинденски денови“ во Битола, но се подготвуваат и за меѓународни настапи.

„На наша адреса стасаа покани од Кападокија и Трабзон од Турција, но и од фестивали во Португалија, Романија и Шпанија. На која интернационална сцена ќе ги презентираме македонските ора преку традиционалните носии, допрва ќе одлучуваме“ – ни рече Александра Тодорова, основач на ансамблот, кој веќе 13 години успешно работи во Струмица.

Имајќи во предвид големиот број можни настапи, како што најави Александар Арсов, се подготвува целосно нова репертоарска програма, што значи дека ќе се усовршуваат нови кореографии, со цел да се претстави Струмица, но и Македонија.

Инаку досега од основањето Ансамблот „Тримери“ има 38 гостувања во странство и претставува вистински репрезент на македонската култура, но и на градот Струмица и државата.

Ансамблот „Тримери“ работи трипати неделно, а паралелно врши упис и на нови членови. Сите нови ора и танци што ги подготвуваат, струмичани ќе имат можност да ги видат на годишниот концерт кој секоја година се одржува во месец декември.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во вод…

Јан 19, 2020 Вести

26-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трајче беше најсреќ...

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

Јан 19, 2020 Магазин

Струмичанецот Сашко Митев, кој е дел од оркестарот на НУ Ансамбл „Танец“ ја сними својата прва авторска песна насловена „Подгорија“, песна за подбелас...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2020 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...

Исчезна 16-годишно девојче од Висока Маала

Исчезна 16-годишно девојче од Висока Маала

Јан 18, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа во доцните часови е пријавено дека од својот дом се оддалечила Ѓ.Р. (16 години) од село Висока Маала, општина Васил...

ФК „Беласица“ се засили со тројца нови играчи

ФК „Беласица“ се засили со тројца нови играчи

Јан 17, 2020 Вести

ФК „Беласица“ од Струмица официјално се засили со тројца нови играчи во својот состав за вториот дел од сезоната. Роберт Митев доаѓа од ФК „Тиквеш“. ...

Во Струмица се одржа годишна AVON Конференција

Во Струмица се одржа годишна AVON Конференција

Јан 17, 2020 Магазин

Синоќа во хотелот „Вила Парк“ во Струмица, АVON  одржа годишна Конференција за зона 5, која годинава беше одбележана под слоганот „15 години AVON Маке...

Томе Јанев од Москва им се заблагодарува на сите хумани луѓе за неговото лекување

Томе Јанев од Москва им се заблагодарува на сите хумани луѓе…

Јан 17, 2020 Вести

Поранешниот фудбалер на фудбалските клубови „Беласица“, „Брегалница“, „Хоризонт Турново“, „Силекс“ и неколку други македонски клубови, Томе Јанев од С...

Струмичката полиција најавува интензивни контроли во угостителските објекти

Струмичката полиција најавува интензивни контроли во угостит…

Јан 17, 2020 Вести

Секторот за внатрешни работи од Струмица во претстојниот период ќе презема интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето порад...