Испечатете ја страната

До крајот на септември ќе биде пуштено во функција Прифатилиште за бездомни животни кај Сачево

Среда, 03 Јули 2019

На локација до Пречистителната станица кај Сачево, заврши изградбата на Прифатилиште за бездомни животни по современи стандарди. Во моментот се работи на поврзувањето на водоводната и канализациска мрежа. Кон крајот на август, најдоцна почетокот на септември треба да пристигне комплетниот мебел и опрема, по што истиот веднаш ќе биде ставен во функција – информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Оваа прифатилиште и уште еден кој започна да се гради кај Валандово се дел од проектот „Изградба на две прифатилишта за бездомни животни“ во Југоисточниот плански регион, кој градоначалниците од Југоисточниот регион го избраа како прв приоритет на регионот. Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а прифатилиштата изградени преку овој проект ќе имаат обврска да ги згрижуваат кучињата од целиот регион.

Во меѓувреме се работи на подготовка на Студија за одржливо управување со двете прифатилишта и благосостојба на бездомните животни во Југоисточниот регион, која ќе послужи за утврдување на соодветен модел за одржливото понатамошно управување со прифатилиштата.

Според градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, решавањето на проблемот со бездомните животни беше едно од најчестите барања на граѓаните упатено до нив, како локална самоуправа и уште на почетокот од мандатот започнале со решавање на овој проблем во согласност со сите позитивни законски прописи кои што важат во Република Македонија.

Двата центри за бездомни животни добија и специјални возила за заловување и транспорт на кучиња од Југоисточниот регион кои од страна на фирмата изведувач беа предадени во сопственост на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Раководителката Жулиета Ѓуркова ги предаде на претседателот на Советот на ЈИПР, струмичкиот градоначалник Коста Јаневски, од кои едното ќе се користи во Струмичко и Радовишкиот микро регион, а другото возило во Гевгелиско-Валандовскиот микро регион.

Возилата моментално се во сопственост на Центарот, а на следната Седница на Советот на Југоисточниот плански регион со одлука ќе бидат дадени за трајно користење и одржување на општините Струмица и Валандово, каде што се наоѓаат прифатилиштата.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Јул 03, 2020 Избори 2020

„Кога во 2016 на Парламентарните избори и во 2017 на Локалните избори ја баравме Вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска ...

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го посвети на музиката

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го …

Јул 03, 2020 Вести

Денеска по кратко боледување на 64 години почина познатиот музичар од Струмица, Томе Начевски. Томе со својата хармоника целиот својот живот го посве...

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Јул 03, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ започна со реконструкција на Кванташкиот пазар во Струмица. Се проширува за 11.600 м². Како што информираше Митко Костов, раководите...

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата нормала

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата норма…

Јул 03, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека се гради низ целата држава, и...

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Јул 02, 2020 Веб Билборд

Струмичката компанија „НИПРОМ“ има потреба од општи работници за работа во погон, со или без работно искуство. Заинтересираните кандидати можат да се ...

Се бара девојка/момче за работа во кафетерија „Мјау Мјау“

Се бара девојка/момче за работа во кафетерија „Мјау Мјау“

Јул 02, 2020 Веб Билборд

Се бара девојка/момче за работа во кафетерија „Мјау Мјау“ во Струмица. Повеќе информации на: 075/518-653...

Новозаболено лице од Ковид-19 во Струмица, во цела држава денеска се регистрирани 173 нови случаи

Новозаболено лице од Ковид-19 во Струмица, во цела држава де…

Јул 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и едно лице во Струмица, односно 53-годишна...

Заев од Ново Село: Во следниот мандат со 200 милиони евра годишно поддршка во земјоделството

Заев од Ново Село: Во следниот мандат со 200 милиони евра го…

Јул 02, 2020 Избори 2020

Денеска во Ново Село го искористивме пазарниот ден да разговараме со земјоделците, со пазарџиите, со трговците и пред нив да ја презентираме нашата по...