Наесен ќе почне изградбата на нова Детска градинка во новата населба во Струмица

Четврток, 04 Јули 2019

На просторот од поранешната касарна во Струмица, наесен ќе почне да се гради новата Детска градинка со најсовремени услови за згрижување на околу 250  деца од предучилишна возраст.

Софија Ристова Патрикова, раководител на Секторот за урбанизам при Општина струмица на денешната прес конференција информираше дека детската градинка ќе се гради на просторот од поранешната касарна во Струмица, во блок број 36 на парцела со површина од 7.400 метри квадратни, со максимална површина за градење од 1.800 метри квадратни. Објектот на градинката, кој што е проектиран, е со габарит од 1.400 метри квадратни, кој што дозволува поголема слободна неизградена површина на градежната парцела. Висината на објектот нема да го наруши погледот во однос на другите објекти. Станува збор за објект со катност од приземје и еден кат, а пристапот е обезбеден, како и лифт за лицата со посебни потреби.

Никола Годев, раководител на Секторот за локален економски развој и заштита на животната средина, рече дека планската документација за изградба на новата детска градинка започна да се работи уште во минатата година, имајќи во предвид дека според генералниот урбанистички план предвидено е ширење на поранешната касарна, со што општината подготвена го дочека повикот на Министерството за труд и социјална политика и го доби грантот.

„Се работи за проект за подобрување на социјалните услови во капацитетите за предучилишно воспитување и згрижување преку изградба на нови градинки или доградба и преадаптација на постоечките објекти. Во овој контекст сакам да потсетам дека оваа година беше реализиран уште еден проект од областа на детската заштита, беа адаптирани простории во населените места Куклиш и Муртино со средства од ИПА фондовите во висина од 120.000 евра и наше учество од 1.300.000 денари“ – рече Годев, потенцирајќи дека со ова се потврдува грижата на општината како за градската средина, така и за населените места.

Тој на денешната прес конференција информираше дека во тек е тендерска документација по добиен грант од УНДП за реконструкција на Клон 4, имајќи во предвид дека бројот на децата е доста зголемен.

„Се радуваме да има повеќе деца, а истовремено наша должност е да обезбедиме и да ги модернизираме сместувачките капацитети. Со уште два други проекти, дојдовме при крај со реализацијата на тоа што е ветено во програмата на градоначалникот од социјалната област“ – додаде раководителот на Секторот за локален економски развој, Никола Годев.

Со изградбата на новата Детска градинка ќе се надмине проблемот со прекубројност на децата во клоновите на градинката „Детска радост“, чиј капацитет е 550, а престојуваат околу 1000 деца од различни возрасти.

„Оттука произлезе идејата да аплицираме за изградба на нова градинка. Покрај тоа, имаме аплицирано за доградба на градинка во Клон 2, каде треба да се доградат четири простории. Планираме да ги прошириме сместувачките капацитети и во поранешното училиште „Јахја Кемал“ во Струмица со адаптирање и пренаменување за деца од 6 до 10 годишна возраст за целодневен престој“ - информираше Дивна Молчанова, советник за заштита на деца во општина Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до 13 јуни

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до…

Мај 30, 2020 Вести

Растот на бројот на новозаразени со корона вирусот и смртни случаи беа доволна причина за претседателот на државата, Стево Пендаровски да ја продолжи ...

Почина познатиот струмичанец, најголемиот фан на ФК „Академија Пандев“, познат како Гокче, кој има исто име и презиме со Горан Пандев

Почина познатиот струмичанец, најголемиот фан на ФК „Академи…

Мај 30, 2020 Вести

Денеска на 28-годишна возраст почина еден од најверните поддржувачи на ФК „Академија Пандев“ од Струмица, познат како Гокче, кој има исто име и презим...

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонти…

Мај 30, 2020 Вести

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча, која е една од најзначајните културно-историски споменици на територијата на...

Денеска регистрирани 35 новозаразени, починаа пет пациенти, меѓу кои и бебето кое беше транспортирано во Швајцарија

Денеска регистрирани 35 новозаразени, починаа пет пациенти, …

Мај 30, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 22, во Тетово 6, Куманово 4 и по еден...

Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена

Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните…

Мај 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

На денешната 59-та седница Владата донесе заклучок да достави до претседателот Стево Пендаровски извештај за преземените активности на државните инсти...

Фирма за производство на ПВЦ столарија има потреба од работници

Фирма за производство на ПВЦ столарија има потреба од работн…

Мај 30, 2020 Веб Билборд

Фирма за производство на ПВЦ столарија од Струмица има потреба од работници со или без работно искуство. Повеќе информации и пријавување на: 070/374-3...

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часот

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часо…

Мај 29, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека Кванташкиот пазар работи секој ден од 05:00 до 17:00 часот, освен недела и државни празници. По...

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, починале четири лица

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, п…

Мај 29, 2020 Вести

Денеска се потврдени 52 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се четири лица, кажа министерот за здравство, Венко Филипче на п...