Во Струмица од 26 до 29 јули по 14-ти пат „АСТЕРФЕСТ“

Сабота, 06 Јули 2019

Годинашното 14-то издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи од 26 до 29 јули, во Амфитеатарот во Струмица, под мотото „Кратки резови“.

За „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“, како и за „Старозлатниот проектор“ и за наградите „Ацо Алексов“ и „Ѓорги Абаџиев“ ќе се натпреваруваат следниве 24 кусометражни филмови: „Бродоломник“ на Сабрина Маренго, „Водата“ на Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш, „Врне“ на Чиро Д’Емилио, „Двоен живот“ на Јоб, Јорис и Мариеке, „Доверба“ на Јулијана Нojхубер, „Егзодус 20“ на Јана Недзветскаја, „Еден мал чекор“ на Боби Понтилас и Ендру Чесворт, „Жолта“ на Ивана Шебестова, „И што вели летото“ на Пајал Кападија, „Исповедта“ на Естебан Фонт Ројо, „Jа потпишав петицијата“ на Махди Флеифел, „Кожа“ на Гај Натив, „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов, „Лимерентност“ на Оливер Пич, „Маркет Плејс“ на Аник Кристијаенс, „Ноќ во градината“ на Маршал Кари, „Од високо“ на Дон Вестлејк, „Писма“ на Александер Саварски, „Последната бура“ на Лијам Сент-Пјер, „Различни“ на Христина Белоусова и Данте Рустав, „Стар закуп“ на Висенте Барела, „Тек“ на Марија Грација Гоја и Робин Петре, „Фови“ на Џереми Конт и „Човек-миленик“ на Марзиех Абрарпајдар.

Покрај ова, ќе има специјални проекции и на филмовите „Четирипати“ на Микеланџело Фрамартино, „Љубовта е сè“ на Ким Лонгиното и „Хај-фај“ на Владимир Блажевски, а ќе се одржи и традиционалната лауреатска беседа во Вељуса.

Наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на отворањето на фестивалот ќе му биде доделена на македонскиот филмски и ТВ-актер Данчо Чеврески, а почесно признание ќе добие и документаристката Ким Лонгиното, на која плакетата ќе ѝ биде врачена во Велика Британија.

„Астерфест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од 2 март Струмица го добива првиот Дом за стари лица

Од 2 март Струмица го добива првиот Дом за стари лица

Фев 21, 2020 Вести

Привршуваат финалните работи околу адаптирањето на поранешниот комплекс „Цареви кули“ над Струмица во приватен Дом за стари лица и Дневен центар – „От...

Исчезна 14-годишно момче, Струмичката полиција го бара

Исчезна 14-годишно момче, Струмичката полиција го бара

Фев 21, 2020 Вести

СВР Струмица денеска попладне информираше дека вчера околу 11:00 часот, И.Р. (41) од село Баница, струмичко, пријавил во Полициската станица во Струми...

Направен е редоследот на карневалистите за поворката на Струмичкиот карневал на 29 февруари

Направен е редоследот на карневалистите за поворката на Стру…

Фев 20, 2020 Вести

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, во присуство на претставници на карневалските групи, вечерва во Домот на АРМ во Струмица го направи ред...

Дел од периферијата на градот Струмица четири часа ќе биде без струја, погледнете каде

Дел од периферијата на градот Струмица четири часа ќе биде б…

Фев 20, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 21 февруари), во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето со еле...

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посети винаријата на „Грозд“

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посе…

Фев 20, 2020 Вести

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј, во придружба на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, де...

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј е во дводневна посета на Струмица

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј е во дводневна посета…

Фев 20, 2020 Вести

Амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј, денеска и утре е во дводневна работна посета на Струмица. Работната посета ја за...

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка крстосница беше половина час во прекин

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка…

Фев 20, 2020 Вести

Денеска околу 09:30 часот на излезот од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил и запрежно во...

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка кај Куклишка раскрсница

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка ка…

Фев 20, 2020 Вести

АМСМ информира дека од 10:00 часот сообраќајот на патниот правец Струмица - Валандово кај Куклишка крстосница, поради случена сообраќајна незгода, е в...