Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов, денеска на прес конференција на магистралниот пат од Струмица кон Граничниот премин со Бугарија, кај Турново, рече дека овој патен правец е заборавен од власта, токму од луѓето кои треба да го направат, а живеат во Струмица.
Интегрален текст од прес конференцијата:
Магистралниот пат М-6 односно патот кој води од Струмица преку Босилово и Ново Село до Граничниот премин со Република Бугарија е заборавен од власта. Овој пат е заборавен токму од луѓето кои што треба да го направат, а живеат тука во Струмица.
Во Програмата „За живот“, СДСМ ветуваше дека ќе го реконструира овој пат Струмица - Граничен премин, а од животот во Струмица нема ни абер. Пред точно една година министерот за транспорт и директорот на патишта, од тука најавија подготовка на проектна документација, додека за период од пред половина година беше најавен и почеток на реконструкцијата. Затоа денеска прашуваме: Кога патот Струмица - Граничен премин ќе стане Експресен пат?
Струмичката јавност не заборави дека за истиот патен правец се ветуваше коловоз со четири ленти од Струмица до населено место Дабиље - кој е и те како значаен за развојот на стопанството.
Поминуваат две години од мандатот на оваа власт за кои според програмата во патишта треба да се вложат 600 милиони евра, а во патната инфраструктура во регионот нема позначајни инвестиции од оваа Влада, со кои може да се пофали. Реализираа само проекти кои се започнати од претходната власт.
Оваа патна мрежа е важна за развојот на стопанството и трговијата, особено на земјоделието во регионот, затоа што овозможува поврзување со соседните Бугарија и Грција, односно со европскиот Коридор 4.
Оваа Влада на Зоран Заев уште еднаш покажа дека нема намера да инвестира и да гради. Зоран Заев уште еднаш го изневери својот народ, своите сограѓани и не им ги исполни ветувањата.
Затоа, што побрзо си заминат од власта, толку побрзо ќе се спаси народот од неспособноста на оваа Влада на Заев и СДСМ.
.
.
Дек 13, 2019 Вести
Пет лица од струмичките села Муртино и Банско се лишени од слобода под сомневање дека се инволиврани во шверц со мигранти. Како што информират од СВР ...
Дек 13, 2019 Магазин
Вечерва од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица познатите интернационални музички состави од Бугарија Intelligent Music projec...
Дек 12, 2019 Вести
Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во селото Куклиш го пуштија во...
Дек 12, 2019 Вести
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Донев и денеска одржа прес конференција, упатувајќи неколку прашања до град...
Дек 12, 2019 Магазин
Вечерва завршуваат активностите по повод патрониот празник на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици со концерт на Ленче и ...
Дек 12, 2019 Вести
Струмица ќе го добие првиот Дом за стари лица. Познатиот угостителски комплекс „Цареви кули“ над Струмица се реновира во Дневен центар за стари лица, ...
Дек 12, 2019 Вести
Во Индустриската зона кај Василево вчера околу 18:00 часот е лишен од слобода М.О. (41) од скопско Зелениково, во чие товарно моторно возило полицијат...
Дек 11, 2019 Вести
Тимот на Јувентус до 19 години изминатите месеци учествува на Младинската лига на УЕФА, а во екипата на „старата дама“ игра и Никола Секулов, по потек...