ФОТО: Сведоштво на струмичани по страшното невреме во Грција

Четврток, 11 Јули 2019

По страшното невреме кое синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики, според последните информации загинаа 9 странски туристи, а стотина се повредени.

Според информации од струмичани кои летуваат во туристичките градови, меѓу повредените нема струмичани. Тие за Радио СтрумицаНет сведочат за она што се случи синоќа околу 21 часот.

Горан од Струмица, кој со своето семејство е во Неа Флогита, вели дека се беше нормално, ништо не навестуваше дека може да дојде до такво нешто. Ако не бевме блиско до хотелот ќе настрадавме од силната бура, која одеднаш ја зафати Неа Флогита. Од синоќа сме без струја и вода…

„Леташе се во воздух, лимирани реклами, керамиди, стакла, се корнеа од земја големи дрвја… Од се можеше да се повреди човек“ – ни раскажа Данче, која вели дека вакво невреме никогаш никаде не доживеала во својот живот, за миг можеш да настрадаш…

Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун извести дека нема загинати македонски државјани во синоќешното катастрофално невреме во регионот на Халкидики.

Заради нерасчистени патишта, пад на дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.

Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони:

00302310277347

00302310277348

Контакт од нашата амбасада во Атина:

00302106749585

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Средношколци од Струмица освоија пет златни и три сребрени медали на Светскиот ученички куп во САД

Средношколци од Струмица освоија пет златни и три сребрени м…

Ное 14, 2019 Вести

Ученици од струмичките средни училишта оваа недела по трет пат ја претставуваа Македонија на финалето од Светскиот ученички куп, кој се одржува на Уни...

Промовиран проектот за медиумска писменост на Здружението „Скај Плус“

Промовиран проектот за медиумска писменост на Здружението „С…

Ное 14, 2019 Вести

Средношколци, професори по македонски јазик и новинари од Струмица на синоќешната интерактивна средба се запознаа со идните активности кои ќе бидат кл...

Лекарите го одбележаа празникот на вечните лекари Св. Козма и Дамјан

Лекарите го одбележаа празникот на вечните лекари Св. Козма …

Ное 14, 2019 Вести

Традиционално во дворот на Струмичката болница, лекарите и медицинскиот персонал го одбележуваат празникот Св. Козма и Дамјан - вечните лекари на болн...

Перо Христов одржа концерт за 50-те години успешна кариера со трајни вредности

Перо Христов одржа концерт за 50-те години успешна кариера с…

Ное 13, 2019 Вести

Ретко се прави ваков јубилеј, во бракот се вели „златна свадба“, во естрадните води да бидеш 50 години е успешна кариера со трајни вредности. Перо Хри...

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Струмица за две години потроши 38 милиони евра, но дали ги има реализирано ветените мерки и проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Струмица за две години потроши 38 милион…

Ное 13, 2019 Вести

„Во изминатите две години Општина Струмица потроши два буџета од по 19 милиони евра, или вкупно за овие две години нешто над 38 милиони евра. Дилеми...

Сообраќајка на патот Струмица – Валандово, едно лице повредено

Сообраќајка на патот Струмица – Валандово, едно лице повреде…

Ное 13, 2019 Вести

Вчера околу 09:00 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“, со велешки регистарски ознаки, управуван...

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Младинска“ и „Кочо Рацин“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Младинска“ …

Ное 12, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Македонците во Швајцарија организираат хуманитарна забава за помош на Михаела Петрова, Никола Новоселски, Ирена Танчева, Томе Јанев

Македонците во Швајцарија организираат хуманитарна забава за…

Ное 12, 2019 Вести

Членовите на Македонското друштво „Пирок“ од Швајцарија, во сабота на 16 ноември од 18:00 часот организираат голема Хуманитарна забава, на која ќе се ...