Денеска се навршуваат 75 години од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

Недела, 14 Јули 2019

Денеска се навршуваат 75 години од убиството на народниот херој од Струмица, Благој Јанков Мучето. На 14 јули 1944 година, Струмица остана без најсветлиот лик во својата историја.

Само 19 денови го делеа од Првото заседание на АСНОМ во манастирот Свети Прохор Пчињски, на кој требаше да биде еден од делегатите. Неполни два месеца го делеа Мучето, за да го доживее првото струмичко слободарско утро. Не ги доживеа тие два датума, иако со нетрпение ги очекуваше, но и ги заслужи.

Но, името Благој, презимето Јанков и прекарот Мучето, останаа да бидат револуционерен триптих и синоним на струмичкиот непокорен дух. Народниот херој Благој Јанков Мучето, беше, останува и ќе биде струмичка гордост. Струмичани му се вечно благодарни за се што направи за овој град и за сите поранешни, сегашни и идни генерации струмичани.

Благој Јанков Мучето потекнува од сиромашно и револуционерно семејство. Повеќемина од неговото пошироко семејство учествувале во активностите на Илинденската епопеја. Роден е во Струмица во 1910 година и уште од рани години бил воспитуван во илинденски и востанички дух. Неговата револуционерна дејност била причина, тој постојано да биде во илегала, бидејќи го демнела опасноста да биде уапсен или ликвидиран од страна на окупаторите или домашните шпиони.

75-годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето, утрово со пригодна свеченост беше одбележана пред Спомен плочата во Градскиот парк во Струмица, каде членови на семејството Јанкови, претставници на општина Струмица, претставници на борците, на локалните установи кои го носат неговото име, Библиотеката и Домот за деца и млади и претставници на политичките партии од Струмица, положија свежо цвеќе, а рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“, рецитираа револуционерна поезија. Свежо цвеќе беше положено и пред Спомен бистата во малиот Градски парк, покрај општинската зграда.

„Чествувањето за Благој Јанков Мучето има повеќенаменско значење, оти негувањето на споменот за него, покрај се значи и пренесување на тој спомен и на идните генерации струмичани и Македонци. Ние сме должни да ги чуваме и негуваме животните иидеолошките епизоди кои го отсликуваат вистинскиот лик на Мучето, како и за сите други кои оставиле свој белег во опстојот на овој град и неговите жители“ – рече во своето обраќање градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП во одбојка

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП в…

Сеп 16, 2019 Вести

Репрезентација на Македонија ја освоија првата победа во историјата на Европските првенства. Вечерва во Љубљана, Македонија предводена од најдобрите о...

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...