Покрај езерцето се одржа Вечер на поезија со Владимир Мартиновски

Понеделник, 15 Јули 2019

Вечерва во прекрасниот амбиент кај езерцето во големиот Градски парк во Струмица, во рамките на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“ се одржа традиционалната „Вечер на поезија“ со македонскиот поет и прозаист, Владимир Мартиновски.

За Мартиновски говореше поетесата Вања Изова Велева, а песни од овој автор читаа Сузана Мицева и Катерина Панов Козаров со инструментална музичка поддршка од гитарата на Горан Алиќ.

Владимир Мартиновски е роден е во Скопје во 1974 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 година на тема „Интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“. Докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle, на тема „Аспекти на екфразиската поезија: Ш. Бодлер, В.К. Вилијамс, С. Јаневски, В. Урошевиќ, Џ. Ешбери и И. Бонфоа“.

Работи како редовен професор по предметите „Компаративни поетики“ на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Член е на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација за семиотика. Член е на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност, како и на извршниот комитет на Европската мрежа за компаратистички проучувања. Член е на ЗККМ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН.

Се занимава и со музика. Учествувал во музички проекти и изданија на: Оркестарот од изворни народни инструменти „Пеце Атанасовски“, „Калдрма“ и „Баклава“. Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Академија Пандев“ по третото коло на ПМФЛ на лидерското место од табелата

„Академија Пандев“ по третото коло на ПМФЛ на лидерското мес…

Авг 25, 2019 Вести

ФК „Академија Пандев“ по третото коло се искачи на лидерското место од табелата во Првата македонска фудбалска лига. Со победа од 2:0 против ФК „Боре...

Беласица со победа ја стартува новата сезона на Втората лига

Беласица со победа ја стартува новата сезона на Втората лига

Авг 25, 2019 Вести

Во првото коло на Втората лига – Исток, вчера на стадионот „Младост“ во Струмица „Беласица“ ја победи екипата на „КИТ-ГО“ со 3:0. Сино-белите победат...

Одбојкарката Ана Фасулева од „Наковски Волеј“ потпиша договор со „Купеле Брусно“ од Словачка

Одбојкарката Ана Фасулева од „Наковски Волеј“ потпиша догово…

Авг 25, 2019 Вести

Капитенот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица, младата Ана Фасулева се сели во Словачка. Таа потпиша едногодишен договор со словачкиот женски одбојкарс...

Откриени 30-тина мигранти во комбе кај Струмица

Откриени 30-тина мигранти во комбе кај Струмица

Авг 25, 2019 Вести

Триесет мигранти биле пронајдени во комбе паркиран на магистралниот пат Струмица - Радовиш. Полицијата вчера во 12:30 часот кај клучката за селото Во...

Приведено 23-годишно момче од Куклиш, по потерница на Прилепскиот затвор

Приведено 23-годишно момче од Куклиш, по потерница на Прилеп…

Авг 24, 2019 Вести

Струмичката полиција вчера во раните утрински часов иго приведе Д.Ѓ. (23 години) од селото Куклиш, кај Струмица, за кого била распишана потерница од „...

Сообраќајка на магистралниот пат Струмица – Ново Село, две лица хоспитализирани во Струмичката болница

Сообраќајка на магистралниот пат Струмица – Ново Село, две л…

Авг 24, 2019 Вести

Две лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила синоќа околу 22:30 часот на магистралниот пат СтрумицаНово Село, на крстосница за Зубо...

Во пресрет на Голема Богородица во Секирник јубилејната 10-та „Средба на Русалии“

Во пресрет на Голема Богородица во Секирник јубилејната 10-т…

Авг 24, 2019 Вести

Русалиите, жив споменик на егзодусот на Македонците од Егејска Македонија, во пресрет на празникот Голема Богородица повторно ќе се соберат во Секирни...

Отворен 9-от Интернационален летен музички камп „Струмица 2019“

Отворен 9-от Интернационален летен музички камп „Струмица 20…

Авг 24, 2019 Вести

Четириесеттина млади музичари од неколку градови од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Хрватска од синоќа се во Струмица на петдневниот интерна...