Вечерва во прекрасниот амбиент кај езерцето во големиот Градски парк во Струмица, во рамките на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“ се одржа традиционалната „Вечер на поезија“ со македонскиот поет и прозаист, Владимир Мартиновски.
За Мартиновски говореше поетесата Вања Изова Велева, а песни од овој автор читаа Сузана Мицева и Катерина Панов Козаров со инструментална музичка поддршка од гитарата на Горан Алиќ.
Владимир Мартиновски е роден е во Скопје во 1974 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 година на тема „Интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“. Докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle, на тема „Аспекти на екфразиската поезија: Ш. Бодлер, В.К. Вилијамс, С. Јаневски, В. Урошевиќ, Џ. Ешбери и И. Бонфоа“.
Работи како редовен професор по предметите „Компаративни поетики“ на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Член е на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација за семиотика. Член е на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност, како и на извршниот комитет на Европската мрежа за компаратистички проучувања. Член е на ЗККМ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН.
Се занимава и со музика. Учествувал во музички проекти и изданија на: Оркестарот од изворни народни инструменти „Пеце Атанасовски“, „Калдрма“ и „Баклава“. Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици.
.
.
Дек 13, 2019 Вести
Пет лица од струмичките села Муртино и Банско се лишени од слобода под сомневање дека се инволиврани во шверц со мигранти. Како што информират од СВР ...
Дек 13, 2019 Магазин
Вечерва од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица познатите интернационални музички состави од Бугарија Intelligent Music projec...
Дек 12, 2019 Вести
Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во селото Куклиш го пуштија во...
Дек 12, 2019 Вести
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Донев и денеска одржа прес конференција, упатувајќи неколку прашања до град...
Дек 12, 2019 Магазин
Вечерва завршуваат активностите по повод патрониот празник на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици со концерт на Ленче и ...
Дек 12, 2019 Вести
Струмица ќе го добие првиот Дом за стари лица. Познатиот угостителски комплекс „Цареви кули“ над Струмица се реновира во Дневен центар за стари лица, ...
Дек 12, 2019 Вести
Во Индустриската зона кај Василево вчера околу 18:00 часот е лишен од слобода М.О. (41) од скопско Зелениково, во чие товарно моторно возило полицијат...
Дек 11, 2019 Вести
Тимот на Јувентус до 19 години изминатите месеци учествува на Младинската лига на УЕФА, а во екипата на „старата дама“ игра и Никола Секулов, по потек...