На денешен ден почина актерот Ристо Шишков

Среда, 17 Јули 2019

На денешен ден пред 33 години во Скопје почина истакнатиот македонски артист Ристо Шишков.

Ги издржа неправдата што му ја нанесоа, пресудата од комунистичкиот режим и затворскиот живот во Идризово, но немоќен беше пред болеста.

Роден е во 1940 година во селото Мрсна, Серско, во Егејска Македонија, во ситуирано трговско семејство. Татко му Васил и најстариот вујко минале 4 години затвор на Крит, а во 1942 година Ристо ја доживува трагичната судбина на децата-бегалци од Егејска Македонија. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој го минал детството и се школувал.

Шишков имал намера да студира атомска физика, но се премислил, па во 1962 година дипломирал на Театарската академија во Белград, на отсекот за глума.

По двегодишната работа во Југословенскиот драмски театар во Белград, Шишков доаѓа во Скопје и од 1 октомври 1964 година станува член на Драмата на Македонскиот народен театар.

Во својата кариера играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, „Води“, неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, како и повеќе радиодрами. Добитник е на театарската награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво“.

Во 1979 година, накодошен, бил обвинет од тогашните власти за навреда на ликот и делото на Јосип Броз Тито и осуден како македонски националист, сепаратист и хегемонист на 15 јануари 1980 бил однесен во затвор.

По излегувањето од затворот по кратко боледување умира на 17 јули 1986 година во Скопје.

Во негова чест, по осамостојувањето на Република Македонија, од 1992 година во Струмица се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Артистот Шишков зад себе остави многу брилијантни театарски и филмски улоги, за кои освои голем број награда. Еве некои од нив:

Во 1967 на ФФАО во Ниш, Специјална награда за улогата во „Планината на гневот“, а на истиот фестивал во 1976 година е добитник на Повелба за машка улога во „Најдолгиот пат“.

Шишков освари и многу улоги во филмската продукција на Македонија: 1966: „До победата и по неа“ (главна улога); 1967: „Каде по дождот“ (споредна улога); 1967: „Македонска крвава свадба“ (главна улога); 1968: „Планината на гневот“ (главна улога); 1969: „Републиката во пламен“ (главна улога); 1971: „Црно семе“ (главна улога); 1972: „Истрел“ (главна улога); 1975: „Јад“ (споредна улога); 1976: „Најдолгиот пат“ (главна улога); 1981: „Црвениот коњ“ (главна улога); 1984: „Нели ти реков“ (главна улога).

На театарската сцената го наследи неговиот син Васил Шишков кој, исто така, почина прерано.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Фев 24, 2020 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ денеска на гости го загубија натпреварот со скопски „Вардар“ во рамките на второто коло од Втора фаза-1 на нашата најсил...

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традиционалната Ловечка вечер

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традицион…

Фев 24, 2020 Вести

И ловџиите од општина Босилово ја завршија ловната сезона со традиционалната Ловечка вечер која се одржа викендот во хотелот „Цар Самуил“ во Банско. ...

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција од Корона вирусот

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција…

Фев 24, 2020 Вести

Се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Заради новонастаната состојба со корона ...

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Фев 24, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше дека вчера во 16:20 часот 28-годишната Е.К. од село Ангелци, општина Василево, пријавила дека нејзиниот сопруг Т.К. и...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на средба со граѓани од Струмичкиот регион

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на сред…

Фев 23, 2020 Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамките на „Обнова за Македонија“ денеска ги посети населените места во Струмичкиот регион: Ве...

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа за мерките и придобивките во земјоделство

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа…

Фев 23, 2020 Вести

„Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблеми при пласман на производите. Или производите остануваа непрода...

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...