Граѓаните реагираат, градоначалникот на Струмица ги слушна нивните поплаки, со полицијата ќе ги зачестат контролите и ќе казнуваат

Среда, 17 Јули 2019

Граѓаните на Струмица во изминатиот период низ социјалните мрежи вознемирено реагираат за нарушување на мирот и спокојот од прегласната музика во доцните ноќни часови, од силното „брмчење“ и возење мотори од малолетници по струмичките булевари, реагираа и за узурпирање на тротоарите, зелените површини и малите улици од паркирани возила, движењето по улиците на запрежни коли.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски, заедно со своите соработници, денеска имаа работен состанок во кабинетот на градоначалникот на Струмица. Ќе работат заедно на зголемување на безбедноста и мирот на граѓаните, ќе ги зачестат контролите и наместо само опомени, ќе ги казнуваат сите кои не ги почитуваат правилата и прописите.

„Заклучивме дека со координирана акција на сите субјекти можеме да придонесеме за безбедноста и мирот на граѓаните. Најважен чинител во ова наша заложба се граѓаните, кои се загрижени за доброто на општинатa и да дадат поддршка на овие акции за да можеме полесно да ги надминеме проблемите кои се јавуваат“ - рече градоначалникот Јаневски.

Од Струмичката полиција велат дека заеднички се разгледани одредени состојби во градот во делот на сообраќајот и во делот на бучавата.

„Ние како полиција детектиравме повеќе улици во градот каде се врши непрописно паркирање и со тоа се попречува нормалното одвивање на сообраќајот како на возилата, така и на пешаците. Преземаме мерки за бучавата која ја предизвикуваат угостителски објекти со пуштање гласна музика и при тоа се констатирани повеќе прекршоци, како и присуство на малолетници и точење алкохол на нив“ - рече Томе Весев, началник на полиција при СВР Струмица.

Весев вели дека сепак најголем проблем за полицијата се малолетниците кои управуваат моторцикли и во последните години има експанзија на управување такви возила. И покрај преземените акции од страна на полицијата, сепак потребно е да функционира системот на ефектуирање на изречените казни и тоа како кон децата, така и кон родителите.

Градоначалникот Јаневски ги охрабрува граѓаните да реагираат и да ги пријавуваат ваквите појави, бидејќи на тој начин побрзо ќе се дејствува и ќе се помогне за полесно функционирање на институциите во општеството.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Сеп 18, 2019 Веб Билборд

Продавница за прехранбени производи, што се наоѓа во Градскиот пазар „Глобал“ во Струмица има потреба од продавачка. Подетални информации и пријавувањ...

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода за пиење

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода з…

Сеп 18, 2019 Вести

Жителите од населените места Босилово, Турново, Секирник, Радово, Бориево, Еднокуќево и Робово во општина Босилово, денеска останаа без вода за пиење...

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред болницата на протест

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред бо…

Сеп 18, 2019 Вести

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“, денеска од 11:00 до 11:30 часот пред „главната болница“ на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, ...

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Сеп 18, 2019 Магазин

Под наслов „Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште“, порталот „Слободен печат“ пишува за струмичанката Ѓурѓа Ѓоргиева од струмичкото село Ста...

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...