СДСМ: Подобри услови за децата од предучилишна возраст

Понеделник, 22 Јули 2019

Вернерка Ристовска од ОО на СДСМ во Струмица на денешната прес конференција вели дека власта предводена од СДСМ и на централно и локално ниво, најмладите, децата, ги стави во своите приоритети.

Интегрален текст од прес конференцијата:

За Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, зборот даден пред Вас е збор и тој важи. Ветеното се исполнува, животот се подобрува, насекаде и за сите. Во сите области и за сите категории граѓани, се случуваат позитивни промени.

Власта предводена од СДСМ и на централно и локално ниво, најмладите, децата, ги стави во своите приоритети, затоа што нивниот правилен раст и развој создава здрави граѓани на нашето општество. А кога приоритетите ќе се совпаднат, резултатите се видливи.

Во континуитет се модернизираат сместувачките капацитети за децата од предучилишна возраст. Но, со зголемувањето на нивниот број, се работи на обезбедување на современи услови за престој на децата.

Во блокот 36 во поранешната касарна ќе се гради нова градинка . Општината и Владата на Република Северна Македонија имаа слух за потребите на граѓаните и оваа есен ќе започне реализацијата на овој проект. Во новата градинка која ќе биде изградена по најсовремени стандарди, ќе бидат згрижени 250 деца.

Од оваа есен нови згрижувачки капацитети за децата од предучилишна возраст ќе има и во населените места Куклиш и Муртино. Со преадаптација на постоечки објекти се обезбеди згрижување за 80 дечиња. Со ова, подеднакво право на бенефитите од ваквото згрижување на децата добиваат и граѓаните од овие села.

Грижата за најмладите не застанува тука. Во клон 4 на градинката „Детска радост“ кај Црвен крст ќе се врши реконструкција, во клон 2 доградба на уште четири простории, а во поранешното училиште „Јахја Кемал“ ќе се пренаменат простории за целодневен престој на деца на возраст од 6 до 10 години.

Почитувани граѓани,

Ете вака, оваа власт се грижи за вашите деца. СДСМ е ваш партнер. Заедно ќе ги утврдуваме приоритетите, ќе ги решаваме проблемите и ќе создаваме подобар живот за сите. За нас зборот важи.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Сеп 18, 2019 Веб Билборд

Продавница за прехранбени производи, што се наоѓа во Градскиот пазар „Глобал“ во Струмица има потреба од продавачка. Подетални информации и пријавувањ...

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода за пиење

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода з…

Сеп 18, 2019 Вести

Жителите од населените места Босилово, Турново, Секирник, Радово, Бориево, Еднокуќево и Робово во општина Босилово, денеска останаа без вода за пиење...

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред болницата на протест

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред бо…

Сеп 18, 2019 Вести

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“, денеска од 11:00 до 11:30 часот пред „главната болница“ на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, ...

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Сеп 18, 2019 Магазин

Под наслов „Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште“, порталот „Слободен печат“ пишува за струмичанката Ѓурѓа Ѓоргиева од струмичкото село Ста...

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...