Од утре до 29 јули во Струмица ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

Четврток, 25 Јули 2019

Од утре до 29 јули во Струмица ќе се одржи 14-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Свеченото отворање е закажано во 20:00 часот во Амфитеатарот во големиот Градски парк.

На самиот чин на отворањето ќе му биде доделена наградата Астер за исклучителни достигнувања на филмот и ТВ на актерот Данчо Чеврески. Веднаш потоа премиерно ќе биде прикажан американскиот краток игран филм „Кожа“, на режисерот со израелско потекло Гај Натив, по сценарио на Шерон Мајмон, а во продукција на Џејми Реј Њуман. Филмот е минуциозна драма за злосторот во едно мало гратче со порака против бесмислените неправди и расизмот. „Кожа“ оваа година доби Оскар за најдобар краток игран филм.

Од 22:00 часот следува блокот со уште 12 интересни кратки филмови: „Тек“ на Марија Грација Гоја и Робин Петре, „Еден мал чекор“ на Боби Понтилас и Ендру Чесворт, „Маркет плејс“ на Аник Кристијаенс (за којшто музиката ја компонираше Марјан Неќак), „И што вели летото“ на Пајал Кападија, „Човек-миленик“ на Марзиех Абрарпајдар, „Стар закуп“ на Висенте Барела, „Ја потпишав петицијата“ на Махди Флеифел, „Двоен живот“ на Јоб, Јорис и Мариеке, „Врне“ на Чиро Д’Емилио, „Лимерентност“ на Оливер Пич, „Различни“ на Христина Белоусова и Данте Рустав и „Исповедта“ на Естебан Фонт Ројо.

Фестивалската програма продолжува во сабота претпладне во 11:30 часот во предворјето на Манастирот „Воведение на Пресвета Богородица“ во Велјуса со Тивериополската беседа и портретот на овогодишниот лауреат. Во сабота во 20:30 часот во Амфитеатарот со присуство на повеќе автори ќе има проекција на уште еден ексклузивен блок од 11 кратки филмови.

Во официјалната компетиција на „Астерфест“ се кратки играни, документарни и анимирани филмови селектирани под мотото „Кратки резови“, за коишто ќе одлучува меѓународното жири составено од ирскиот камерман Ед Годсел, словенечкиот режисер Андреј Кошак, бугарската дистрибутерка Гинка Андреева и македонскиот актер Данчо Чеврески.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од 2 март Струмица го добива првиот Дом за стари лица

Од 2 март Струмица го добива првиот Дом за стари лица

Фев 21, 2020 Вести

Привршуваат финалните работи околу адаптирањето на поранешниот комплекс „Цареви кули“ над Струмица во приватен Дом за стари лица и Дневен центар – „От...

Изгубено е 14-годишно момче, Струмичката полиција го бара

Изгубено е 14-годишно момче, Струмичката полиција го бара

Фев 21, 2020 Вести

СВР Струмица денеска попладне информираше дека вчера околу 11:00 часот, И.Р. (41) од село Баница, струмичко, пријавил во Полициската станица во Струми...

Направен е редоследот на карневалистите за поворката на Струмичкиот карневал на 29 февруари

Направен е редоследот на карневалистите за поворката на Стру…

Фев 20, 2020 Вести

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, во присуство на претставници на карневалските групи, вечерва во Домот на АРМ во Струмица го направи ред...

Дел од периферијата на градот Струмица четири часа ќе биде без струја, погледнете каде

Дел од периферијата на градот Струмица четири часа ќе биде б…

Фев 20, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 21 февруари), во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето со еле...

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посети винаријата на „Грозд“

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посе…

Фев 20, 2020 Вести

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј, во придружба на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, де...

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј е во дводневна посета на Струмица

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј е во дводневна посета…

Фев 20, 2020 Вести

Амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј, денеска и утре е во дводневна работна посета на Струмица. Работната посета ја за...

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка крстосница беше половина час во прекин

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка…

Фев 20, 2020 Вести

Денеска околу 09:30 часот на излезот од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил и запрежно во...

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка кај Куклишка раскрсница

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка ка…

Фев 20, 2020 Вести

АМСМ информира дека од 10:00 часот сообраќајот на патниот правец Струмица - Валандово кај Куклишка крстосница, поради случена сообраќајна незгода, е в...