СДСМ: За само две години Владата покажа што значи вистинска грижа за граѓаните

Четврток, 25 Јули 2019

„За само две години Владата предводена од СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните“ – вели Каролина Дончева, член на Извршниот одбор на ОО на СДСМ во Струмица на денешната прес конференција.

Интегрален текст од прес конференцијата:

За Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, сите сме еднакви, секој човек е важен. Затоа во сите области се спроведуваат реформи, кои носат подобар живот и даваат надеж за сите нас. Заедно одиме напред. Зборот важи.

За само две години Владата предводена од СДСМ покажа што значи вистинска грижа  за граѓаните, обезбедувајќи повеќе пари за нив и нивните семејства.

За прв пат во Македонија се воведе минимален гарантиран приход со цел најранливите категории да ги извлече од сиромаштија, но и се воведе целосно нов концепт за заштита на граѓаните и на детските права, како и за активирање на пазарот на трудот на работоспособните кои што користеа социјална помош.

Со отворањето на системот за лицата со ниски примања се зголемува бројот на корисници на детски додаток од 3.200, тој ќе порасне на 73.500.

Со воведувањето на новото право – додаток за образование наменето за деца од основното и средното образование и од семејства со ниски примања, 64.316 деца ќе примаат образовен додаток, наместо 3.800.

Социјалната реформа го зголеми социјалниот надоместок за 300 отсто.

Платите продолжуваат да растат.

Вработените во детските градинки добија повисоки плати за 16 отсто. Во септември е планирано ново покачување на платите од 5 отсто, со што вработените во детска заштита за една година ќе имаат зголемување од 21 отсто што е најголемо досега.

Платите на социјалните работници се зголемија за 22 отсто, со што се враќа достоинството на социјалниот работник.

Се воведува и социјална пензија за граѓаните кои го граделе нашето општество. Оваа мерка ќе ја користат повеќе од 6.000 граѓани на возраст од над 65 години, кои немаат работен стаж и друг извор на приход.

Почитувани граѓани,

Владата предводена од СДСМ ќе продолжи со реформите во социјалната сфера  градејќи општество кое е заедничко, праведно и еднакво. За оваа Влада, зборот важи.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Сеп 18, 2019 Веб Билборд

Продавница за прехранбени производи, што се наоѓа во Градскиот пазар „Глобал“ во Струмица има потреба од продавачка. Подетални информации и пријавувањ...

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода за пиење

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода з…

Сеп 18, 2019 Вести

Жителите од населените места Босилово, Турново, Секирник, Радово, Бориево, Еднокуќево и Робово во општина Босилово, денеска останаа без вода за пиење...

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред болницата на протест

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред бо…

Сеп 18, 2019 Вести

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“, денеска од 11:00 до 11:30 часот пред „главната болница“ на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, ...

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Сеп 18, 2019 Магазин

Под наслов „Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште“, порталот „Слободен печат“ пишува за струмичанката Ѓурѓа Ѓоргиева од струмичкото село Ста...

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...