Струмица ќе ги чествува двата Илиндена

Четврток, 01 Август 2019

Општина Струмица утре ќе ги одбележи двата Илиндена, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.

Утре во 09:00 часот, пред споменикот Гоце Делчев на истоимениот плоштад, ќе се одржи мала свеченост на која ќе се говори за историографијата на двата Илиндена, по што ќе биде положено свежо цвеќе, а членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ ќе рецитираат револуционерна поезија.

Од Струмица, чествувањето ќе продолжи во селото Попчево, пред Спомен – бистата на илинденскиот војвода, Ристоман Кочев Попчевски.

Илинден или денот на Свети Илија е голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2-ри август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ, поради тоа што на 2-ри август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ.

Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолклорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од 2 март Струмица го добива првиот Дом за стари лица

Од 2 март Струмица го добива првиот Дом за стари лица

Фев 21, 2020 Вести

Привршуваат финалните работи околу адаптирањето на поранешниот комплекс „Цареви кули“ над Струмица во приватен Дом за стари лица и Дневен центар – „От...

Изгубено е 14-годишно момче, Струмичката полиција го бара

Изгубено е 14-годишно момче, Струмичката полиција го бара

Фев 21, 2020 Вести

СВР Струмица денеска попладне информираше дека вчера околу 11:00 часот, И.Р. (41) од село Баница, струмичко, пријавил во Полициската станица во Струми...

Направен е редоследот на карневалистите за поворката на Струмичкиот карневал на 29 февруари

Направен е редоследот на карневалистите за поворката на Стру…

Фев 20, 2020 Вести

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, во присуство на претставници на карневалските групи, вечерва во Домот на АРМ во Струмица го направи ред...

Дел од периферијата на градот Струмица четири часа ќе биде без струја, погледнете каде

Дел од периферијата на градот Струмица четири часа ќе биде б…

Фев 20, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 21 февруари), во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето со еле...

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посети винаријата на „Грозд“

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посе…

Фев 20, 2020 Вести

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј, во придружба на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, де...

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј е во дводневна посета на Струмица

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј е во дводневна посета…

Фев 20, 2020 Вести

Амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј, денеска и утре е во дводневна работна посета на Струмица. Работната посета ја за...

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка крстосница беше половина час во прекин

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка…

Фев 20, 2020 Вести

Денеска околу 09:30 часот на излезот од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил и запрежно во...

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка кај Куклишка раскрсница

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка ка…

Фев 20, 2020 Вести

АМСМ информира дека од 10:00 часот сообраќајот на патниот правец Струмица - Валандово кај Куклишка крстосница, поради случена сообраќајна незгода, е в...