Ликовни уметници од САД, Русија, Грција, Полска, Бугарија, Србија и Македонија почнаа да создават нови дела во Струмица

Петок, 02 Август 2019

Во Струмица синоќа беше отворена една од најстарата ликовна колонија на Балканот, 56-тата меѓународна Струмичка ликовна колонија, а свеченоста беше збогатена со изложба на цртежи и графики создадени во изминатите педесеттина години токму во Струмица на оваа ликовна колонија од уметници од повеќе земји од Европа и светот.

Петнаесеттина ликовни уметници од земјава, но и од САД, Русија, Грција, Полска, Бугарија, Србија ќе творат во наредните десеттина дена, односно до 12 август, кога ќе биде затворена ликовната колонија. Се очекува да создадат педесеттина нови дела во повеќе ликовни техники и да го збогатат и онака богатиот фонд на ликовни дела кои брои над 2600, создавани од 1963-та година до денес.

„Им посакав добредојде во Струмица на 15-те учесници на колонијата со надеж дека ќе имаат плодна творечка атмосфера. Убеден сум дека Струмица со своите специфики ќе биде доволно инспиративна за да бидат создадени нови квалитетни дела со кои ќе биде збогатена богатата ликовна ризница на колонијата“ – рече во своето обраќање градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој ја отвори 56-тата Струмичка ликовна колонија и на учесниците им посака плодна и успешна работа и убав престој во градот под Царевите кули.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Мапет шоу“ вечерва на сцената во Центарот за култура во Струмица

„Мапет шоу“ вечерва на сцената во Центарот за култура во Стр…

Фев 27, 2020 Вести

Некогаш популарните Мапети, кои забавуваа генерации и генерации, вечерва на сцената во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, како дел од трад...

ВМРО-ДПМНЕ бара да се одложи Струмичкиот карневал

ВМРО-ДПМНЕ бара да се одложи Струмичкиот карневал

Фев 27, 2020 Вести

ВМРО-ДПМНЕ од Струмица бара од градоначалникот на Струмица и организаторот на Струмичкиот карневал да го откажат одржувањето на карневалот на 29 февру...

Почна да се гради новата Детска градинка во комплексот на поранешната Касарна во Струмица

Почна да се гради новата Детска градинка во комплексот на по…

Фев 27, 2020 Вести

Од денеска започнаа подготвителните активности за изградбата на новата Детска градинка во новата населба во поранешната Касарна во Струмица. Објектот...

СЕММ: Внимателно и одговорно известување околу коронавирусот

СЕММ: Внимателно и одговорно известување околу коронавирусот

Фев 27, 2020 Вести

Во врска со појавата на случај на коронавирус во државата, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува медиумите да се однесуваат проф...

Со предавање на клучот од градот започнаа карневалските денови во Струмица

Со предавање на клучот од градот започнаа карневалските дено…

Фев 26, 2020 Вести

Со предавање на симболичен клуч од градот на карневалистите, денеска започнаа еднонеделните активности од овогодинашното јубилејно издание на Струмичк...

Пациентката со констатиран коронавирус е во добра состојба, петмината струмичани се под медицинска контрола и изолација во Струмица

Пациентката со констатиран коронавирус е во добра состојба, …

Фев 26, 2020 Вести

Пациентката кај која е констатиран првиот случај на заразеност со вирусот „Ковид 19“, или коронавирусот, е во добра општа здравствена состојба, под по...

Цицимов: Не правете паника, нема простор за откажување на карневалот во Струмица

Цицимов: Не правете паника, нема простор за откажување на ка…

Фев 26, 2020 Вести

„Организациониот одбор, заедно со градоначалникот на Струмица е во постојана комуникација со надлежните институции и ја следат состојбата во врска со ...

Објавени телефонски броеви за пријавување сомнителни случаи на коронавирус

Објавени телефонски броеви за пријавување сомнителни случаи …

Фев 26, 2020 Вести

Министерот за здравство Венко Филипче, попладнево на својот Фејсбук профил објави телефонски броеви на кои може да се пријават сите сомнителни случаи ...