Јаневски: 2-ри август е своевидно тројство на нашето празнување

Петок, 02 Август 2019

По повод 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 август.

Утринава на Градскиот плоштад во Струмица, пред Споменикот на апостолот на македонската револуционерна борба за слобода и самостојност, Гоце Делчев, градоначалникот и членови на Советот на општина Струмица, претставници на СВР Струмица, на Сојузот на борците, на политички партии, положија свежо цвеќе.

За двата Илиндена говореше градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, истакнувајќи дека денешниот ден не е налик на ниту еден од останатите 364 денови во годината, дека овој празничен ден е различен и од сите други празници одбележани со црвена боја во нашите календари, дека 2-ри август е своевидно тројство на нашето празнување, затоа што денес христијаните го чествуваат Свети Илија – Громовникот, а граѓаните на нашата татковина го слават Денот на Републиката во кој свое место нашле, не еден, туку два Илиндена.

„Денес се слави и на „Мечкин камен“ во Крушево и во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, но и во сите македонски градови и села. Славиме и ние овде во нашата Струмица, затоа што Илинден 1903 и Илинден 1944 се дел од нашите битија и од нашето постоење. Тоа што ја испишува историјата на нашето битисување е вкоренето токму во значењето на овие два грандиозни настана. И затоа, кога одбележуваме 116 години од Илинденската епопеја и 75 години од Асномската државотворност, треба да бидеме среќни, одважни и горди на нераскинливоста на двете „состојки“ кои ја сочинуваат есенцијата на нашата лична и колективна идентификација. Денес, повеќе од потребно е да си подадеме рака и да бидеме единствени во нашето патување низ новото време прифаќајќи ги сите предизвици кои ги носи со себе. Премостувањето на минатото и иднината е наша заедничка задача“ – рече во своето обраќање градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Со едноминутно молчење им беше оддадена почит на сите Илинденци и Асномци, а членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица изведоа револуционерна поезија.

Чествувањето на големиот празник беше заокружено пред Спомен бистата на илинденскиот војвода Ристоман Кочев Попчевски во селото Попчево, со полагање на свежо цвеќе.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бара да се одложи Струмичкиот карневал

ВМРО-ДПМНЕ бара да се одложи Струмичкиот карневал

Фев 27, 2020 Вести

ВМРО-ДПМНЕ од Струмица бара од градоначалникот на Струмица и организаторот на Струмичкиот карневал да го откажат одржувањето на карневалот на 29 февру...

Почна да се гради новата Детска градинка во комплексот на поранешната Касарна во Струмица

Почна да се гради новата Детска градинка во комплексот на по…

Фев 27, 2020 Вести

Од денеска започнаа подготвителните активности за изградбата на новата Детска градинка во новата населба во поранешната Касарна во Струмица. Објектот...

СЕММ: Внимателно и одговорно известување околу коронавирусот

СЕММ: Внимателно и одговорно известување околу коронавирусот

Фев 27, 2020 Вести

Во врска со појавата на случај на коронавирус во државата, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува медиумите да се однесуваат проф...

Со предавање на клучот од градот започнаа карневалските денови во Струмица

Со предавање на клучот од градот започнаа карневалските дено…

Фев 26, 2020 Вести

Со предавање на симболичен клуч од градот на карневалистите, денеска започнаа еднонеделните активности од овогодинашното јубилејно издание на Струмичк...

Пациентката со констатиран коронавирус е во добра состојба, петмината струмичани се под медицинска контрола и изолација во Струмица

Пациентката со констатиран коронавирус е во добра состојба, …

Фев 26, 2020 Вести

Пациентката кај која е констатиран првиот случај на заразеност со вирусот „Ковид 19“, или коронавирусот, е во добра општа здравствена состојба, под по...

Цицимов: Не правете паника, нема простор за откажување на карневалот во Струмица

Цицимов: Не правете паника, нема простор за откажување на ка…

Фев 26, 2020 Вести

„Организациониот одбор, заедно со градоначалникот на Струмица е во постојана комуникација со надлежните институции и ја следат состојбата во врска со ...

Објавени телефонски броеви за пријавување сомнителни случаи на коронавирус

Објавени телефонски броеви за пријавување сомнителни случаи …

Фев 26, 2020 Вести

Министерот за здравство Венко Филипче, попладнево на својот Фејсбук профил објави телефонски броеви на кои може да се пријават сите сомнителни случаи ...

Советот на општина Струмица одржа седница, донесени одлуки за реализација на неколку проекти

Советот на општина Струмица одржа седница, донесени одлуки з…

Фев 26, 2020 Вести

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 33-та седница на којашто беа донесени повеќе предлог одлуки, програми и решенија. Советниците ги усвоија...