Александра Јанева и Васил Гарванлиев се вклучија во кампањата „Твоето незнаење чини живот“

Вторник, 06 Август 2019

Црвениот крст на Македонија на 15 јули ја започна кампањата „Твоето незнаење чини живот“, за бесплатна обука на граѓаните за укажување прва помош, а вчера во Општинската организација на Црвен крст во Струмица се реализираше и првата обука.

Меѓу учесниците на обуката беа и познатите естрадни уметници од Струмица, Александра Јанева и Васил Гарванлиев, петмина пожарникари од ТППЕ Струмица, кои ги слушаа предавањата како да се укаже брза и правилна помош, доколку се затекнете на место на сообраќајна несреќа.

Инаку, кампањата е наменета за возачите, а е иницирана по направени анализи дека во голем број случаи граѓани, пред се возачи, не знаат правилно да укажат прва помош во случај на сообраќајна несреќа.

Кампањата ќе трае до 15 септември, а ќе се одржат бесплатни курсеви за возачите во 33 општински огранизации на Црвениот крст, и ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи.

Од Црвениот крст велат дека со обновување на знаењето за укажување прва помош ќе се спречат поголеми здравствени последици, но и жртви од сообраќајни несреќи.

Од Струмичкиот Црвен крст ги покануваат заинтересираните возачи за обуката, да се обратат во Општинската организација на Црвен крст во Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Се бара продавачка за продавница во Градскиот пазар

Сеп 18, 2019 Веб Билборд

Продавница за прехранбени производи, што се наоѓа во Градскиот пазар „Глобал“ во Струмица има потреба од продавачка. Подетални информации и пријавувањ...

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода за пиење

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода з…

Сеп 18, 2019 Вести

Жителите од населените места Босилово, Турново, Секирник, Радово, Бориево, Еднокуќево и Робово во општина Босилово, денеска останаа без вода за пиење...

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред болницата на протест

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред бо…

Сеп 18, 2019 Вести

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“, денеска од 11:00 до 11:30 часот пред „главната болница“ на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, ...

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Сеп 18, 2019 Магазин

Под наслов „Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште“, порталот „Слободен печат“ пишува за струмичанката Ѓурѓа Ѓоргиева од струмичкото село Ста...

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...