Пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија од редовите на владејачката СДСМ, денеска пред маркетот на „Тинекс“ во центарот на Струмица се вклучи во караванот „Мој ДДВ“.
Тој на промотивниот штанд заедно со ангажираните од Управата за јавни приходи ги споделуваа информациите со сите минувачи за мерката поврат на граѓаните 15% од пресметаниот ДДВ, преку апликацијата „МојДДВ“.
„Самата мерка „МојДДВ“ е нешто кое се прави за прв пат во историјата на нашата држава, каде што буквално преку скенирањето на сметките и преку плаќањето на ДДВ, државата враќа 15% од платеното ДДВ директно кај граѓаните. За самата успешност на мерката се фактите и бројките кои кажуваат дека од самото пуштање на апликацијата „МојДДВ“, па до 5-ти август се скенирани 8,5 милиони фискални сметки“ – вели пратеникот Костадин Костадинов, кој моментот на промоција го искористи и тој да си пазарува од маркетот, да ја скенира својата фискална сметка и да ги повика граѓаните да бараат да им бидат издадени фискални сметки кога купуваат, да ги скенираат преку апликацијата, но и да пријават неправилности до надлежните институции.
Костадинов вели дека во споредба со месец јули минатата година и јули оваа година, има раст на ДДВ, односно приход од околу 470 милиони денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот месец во минатата година.
.
.
Јан 17, 2021 Веб Билборд
Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...
Јан 13, 2021 Вести
Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се изврши на просторот под градскиот п...
Јан 12, 2021 Вести
До изутрина количествата на воден талог за изминатите 24 часа на југоистокот надминуваа 40 л/м², а на повисоките планини има дополнителна снежна покри...
Јан 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во село Борисово, сопствено...
Јан 10, 2021 Веб Билборд
Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан за продажба на гардероба во градот Струмица. Дуќанот да биде од минимум 60м². Понуди на телефон: 071/23...
Јан 10, 2021 Магазин
Струмичката гимназија „Јане Сандански“ од Струмица на почетокот од секоја нова година, заедно со некогашниот Младински совет го организираа традициона...
Јан 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин од 18:10 часот е нормализиран, информираат од АМ...
Јан 09, 2021 Вести
„Ги замолуваме политичките партии да не го користат пожарот во „Глобал“ да добиваат поени кај своите симпатизери и активисти зошто со тоа не ни помага...
Error: No articles to display