Испечатете ја страната

Пратеникот Костадин Костадинов го промовираше „МојДДВ“ меѓу своите сограѓани во Струмица

Вторник, 06 Август 2019

Пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија од редовите на владејачката СДСМ, денеска пред маркетот на „Тинекс“ во центарот на Струмица се вклучи во караванот „Мој ДДВ“.

Тој на промотивниот штанд заедно со ангажираните од Управата за јавни приходи ги споделуваа информациите со сите минувачи за мерката поврат на граѓаните 15% од пресметаниот ДДВ, преку апликацијата „МојДДВ“.

„Самата мерка „МојДДВ“ е нешто кое се прави за прв пат во историјата на нашата држава, каде што буквално преку скенирањето на сметките и преку плаќањето на ДДВ, државата враќа 15% од платеното ДДВ директно кај граѓаните. За самата успешност на мерката се фактите и бројките кои кажуваат дека од самото пуштање на апликацијата „МојДДВ“, па до 5-ти август се скенирани 8,5 милиони фискални сметки“ – вели пратеникот Костадин Костадинов, кој моментот на промоција го искористи и тој да си пазарува од маркетот, да ја скенира својата фискална сметка и да ги повика граѓаните да бараат да им бидат издадени фискални сметки кога купуваат, да ги скенираат преку апликацијата, но и да пријават неправилности до надлежните институции.

Костадинов вели дека во споредба со месец јули минатата година и јули оваа година, има раст на ДДВ, односно приход од околу 470 милиони денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот месец во минатата година.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во среда и денеска вакцинирани 500 граѓани од Струмица, во понеделник почнува масовна вакцинација во салата на ООУ „Никола Вапцаров“

Во среда и денеска вакцинирани 500 граѓани од Струмица, во п…

Мај 14, 2021 Вести

Во изминатите два работни дена, односно во среда, 12 мај и денеска, 14 мај во ЈЗУ „Здравствен дом“ во Струмица се вакцинирале 500 граѓани над 60-годиш...

Општината пробива, тампонира и асфалтира улици кај Спортската сала и паркот во Струмица

Општината пробива, тампонира и асфалтира улици кај Спортскат…

Мај 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Општина Струмица информираат дека деновиве се работи на пробивање и тампонирање на улици во должина од 780 метри, кај Спортската сала „Парк“ и голе...

Отворен Граничниот премин „Евзони“ кон Грција

Отворен Граничниот премин „Евзони“ кон Грција

Мај 14, 2021 Вести

Денеска од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13:00 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети з...

Советот донесе Одлука спортската сала во ООУ „Никола Вапцаров“ времено да се користи за регионален пункт за вакцинација

Советот донесе Одлука спортската сала во ООУ „Никола Вапцаро…

Мај 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Советот на општина Струмица денеска одржа вонредна седница на која советниците едногласно донесоа Одлука за престанок на трајно и давање на времено ко...

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

Мај 14, 2021 Веб Билборд

Ново во Струмица! Струмица наскоро ќе го добие The Public Bar & Coffee, кој се наоѓа во срцето на градот на самиот плоштад. The Public вработува ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празнико…

Мај 13, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до своите сограѓани од исламска вероисповед. П...

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мај 13, 2021 Магазин

Муслиманите во Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и п...

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележувајќи го патрониот празник

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележува…

Мај 12, 2021 Вести

Општинското основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, денеска го одбележа својот патрон - 79 години од убиството на Сандо Масев. Претставници на Одд...