Дирекцијата за заштита и спасување, по најавите на УХМР ги информира граѓаните, дека под влијание на многу топла воздушна маса во наредните денови ќе има пораст на температурите на воздухот. Особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога ќе биде активирана жолта фаза за високи температури, а во некои региони и портокалова фаза.
Дирекцијата за заштита и спасување покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување, презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор. Воедно, ДЗС апелира до Локалната самоуправа, граѓаните и посетителите на Република Северна Македонија, да внимаваат кога се на отворено и:
- да не се фрлаат цигари и догорчиња;
- да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња;
- да не се пали оган и скара на отворен простор и шума;
- да не се дозволува на децата да си играат со запалки, пламен и жар:
- да не се пали отпад и друг горлив материјал;
- да не се палат стрништа и меѓи;
- имајте на ум дека почетниот пожар може да се изгасне со една чаша вода;
- ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.
Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе се преземени превентивни мерки, од март донесена е забрана за движење во шума и шумско земјиште, освен за вработените во ЈП Национални шуми. Забраната ќе трае се до нејзиното отповикување.
ДЗС, со цел зачувување на шумите, од 15 јули до 15 август, на територијата на целата земја, ја спроведува Кампањата за заштита од пожари под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени - Природата е наша одговорност“.
.
.
Јан 21, 2021 Вести
Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...
Јан 20, 2021 Магазин
Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Error: No articles to display