Министерот за земјоделство, Трајан Димковски на средба со земјоделците во струмичко

Среда, 07 Август 2019

Во рамки на работните активности во текот на летото, членот на ЦО на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, придружуван од членот на ИО и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, претседателот на ОО на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски и други членови на СДСМ, имаше средба со жителите на населеното место Просениково, во струмичкиот регион.

„Оваа влада за 2 години направи многу, но тоа не значи дека тука ќе застанеме, туку напротив со непосредните средби со граѓаните ги слушаме нивните потреби и изнаоѓаме решенија за истите“ – истакна Трајан Димковски пред присутните.

„Уште во првите два месеци од 2017 година ја зголемивме директната поддршка и за лозарството, градинарството, овоштарството и сточарството, преку мерките 1 и 2 се зголемија средствата за 10 и 20%. Направивме дистинкција на субвенциите кои сега имаат и социјална и развојна компонента“ - додаде Димковски.

Тој посочи дека од оваа година има нова мерка со која се јакне социјалниот аспект, а тоа е до 1 хектар, земјоделците добиваат паушал од 12.000 денари, а до половина хектар 6.000 денари. Преку мерките особено во секторот на земјоделството го враќаме достоинството на земјоделците. Само преку мерката „зелена“ нафта, која започна да се реализира деновиве, околу 3,5 милиони евра се враќаат назад кај земјоделците.

„Денес се користат ИПАРД фондовите, се гради систем за земјоделство кој ги следи европските стандарди, земјоделството и производите стануваат конкурентни и исплатливи“ - истакна Димковски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски имаше средба и со производителите и преработувачите на црвената пиперка - куртовска капија. На состанокот се разговараше за цената, во текот на откупот и за зацврстување на договорно производство.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Фев 24, 2020 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ денеска на гости го загубија натпреварот со скопски „Вардар“ во рамките на второто коло од Втора фаза-1 на нашата најсил...

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традиционалната Ловечка вечер

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традицион…

Фев 24, 2020 Вести

И ловџиите од општина Босилово ја завршија ловната сезона со традиционалната Ловечка вечер која се одржа викендот во хотелот „Цар Самуил“ во Банско. ...

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција од Корона вирусот

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција…

Фев 24, 2020 Вести

Се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Заради новонастаната состојба со корона ...

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Фев 24, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше дека вчера во 16:20 часот 28-годишната Е.К. од село Ангелци, општина Василево, пријавила дека нејзиниот сопруг Т.К. и...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на средба со граѓани од Струмичкиот регион

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на сред…

Фев 23, 2020 Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамките на „Обнова за Македонија“ денеска ги посети населените места во Струмичкиот регион: Ве...

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа за мерките и придобивките во земјоделство

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа…

Фев 23, 2020 Вести

„Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблеми при пласман на производите. Или производите остануваа непрода...

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...