Утврден идентитетот на „телото“ најдено во браната Турија, убиецот е истиот кој го уби и Ристо Илјашев

Петок, 16 Август 2019

62-годишниот Александар Мицев од Струмица е лицето кое е пронајдено во резервоар за гориво во водите на браната Турија на 5-ти август, убиецот е истиот што го убил и 57-годишниот Ристо Илјашев од Струмица, М.В. (54) од Добрејци, а ги извршил и двете убиства на идентичен начин.

Според портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, Александар Мицев бил убиен уште на 9 октомври 2018 година во деловна просторија на убиецот со огнено оружје со калибар 5,6 мм, а потоа го ставил телото во метален камионски резервоар за гориво и го потопил во водите на брана Турија на место викано „Рајанци“.

Против М.В., СВР Струмица, поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Убиство“,  по  член 123 ст.2т.1 од КЗ на РСМ извршено од користољубие на подмолен начин врз А.М (62) од Струмица.

„Утврдено е дека на 09.10.2018, покојниот А.М. остварил телефонски контакт со пријавениот, по што се сретнале и заедно отишле во адвокатска канцеларија во Струмица, каде бил изготвен писмен меѓусебен договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу А.М. како продавач и пријавениот како купувач, за цена од 18.200 евра. Договорената сума на пари за купопродажба на имотот не била исплатена во адвокатската канцеларија, а од страна на адвокатот пријавениот бил предупреден дека треба парите да ги исплати на трансакциска сметка“ – рече Рендевска.

По наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица пријавениот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Убиство“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено горат

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено г…

Сеп 17, 2019 Вести

Пожарот со високотоксични испарувања, во кој завчера гореа околу 300 автомобилски и камионски гуми во близина на струмичкото село Костурино, е најверо...

Поради дефект прекин на водата на неколку улици во градот Струмица

Поради дефект прекин на водата на неколку улици во градот Ст…

Сеп 17, 2019 Вести

Поради дефект на водоводната мрежа, во прекин е водоснабдувањето на улиците „Герас Цунев”, „Кочо Рацин“ и „Боро Џони“ во градот Струмица – информираат...

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП во одбојка

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП в…

Сеп 16, 2019 Вести

Репрезентација на Македонија ја освоија првата победа во историјата на Европските првенства. Вечерва во Љубљана, Македонија предводена од најдобрите о...

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...