Од вечерва ќе се тресе Струмичкиот плоштад, музика и забава до раните утрински часови - финале на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“

Петок, 16 Август 2019

Се отвора големата опенфестовска сцена на плоштадот во Струмица. По концертите на малата сцена кај чешмичката, вечерва кулминација на годинашното 8-мо издание на „Струмица ОПЕН фестивал“.

Перо Христов со концерт по повод 50-годишниот јубилеј како естраден уметник на македонската сцена ќе ја отвори првата ноќ на концерти и забави на Струмичкиот плоштад. Почетокот е во 21:00 часот, а по него во 22:00 часот ќе настапат Ленче, Горан и Иван Кукиќ со „Јупитер“, како и гостите од балканското шоу „Никад није касно“, Мирзан Перваниќ Мигос, Марко Жигмановиќ, Даниела Костиќ, а со својата гајда ќе ги придружува Јане Крстев. Во 23:45 часот е настапот на балканската ѕвезда Жељко Самарџиќ, кој повторно ќе пее на оваа сцена, а по него е бугарката Гери Никол од 01:30 часот. Првата ноќ ќе заврши со настапот на Brass Brothers од 02:15 часот.

Утревечер, според програмата ќе настапат Дарио од 21:00 часот, Бени и „Нон Стоп“ од 22:15 часот, Северина од 23:30 часот, која по втор пат настапува на „Струмица ОПЕН фестивал“ и за крај од 01:45 часот ќе настапат Tightbeats& Tommy Tassev.

Во недела на големата сцена на Струмичкиот плоштад ќе настапат: „2 Бона” од 21:00 часот, Мирза Селимовиќ од 22:30 часот, а точно на полноќ на сцената ќе се појават Бијело Дугме со Горан Бреговиќ, Младен Војичиќ Тифа и Ален Исламовиќ.

Од почетокот на фестивалот, кој трае повеќе од два месеци, се одржаа 27 настани на 13 локации во Струмица, а според организаторите годинашното издание е во знакот на спортот, културата, уметноста и музиката.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Фев 24, 2020 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ денеска на гости го загубија натпреварот со скопски „Вардар“ во рамките на второто коло од Втора фаза-1 на нашата најсил...

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традиционалната Ловечка вечер

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традицион…

Фев 24, 2020 Вести

И ловџиите од општина Босилово ја завршија ловната сезона со традиционалната Ловечка вечер која се одржа викендот во хотелот „Цар Самуил“ во Банско. ...

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција од Корона вирусот

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција…

Фев 24, 2020 Вести

Се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Заради новонастаната состојба со корона ...

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Фев 24, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше дека вчера во 16:20 часот 28-годишната Е.К. од село Ангелци, општина Василево, пријавила дека нејзиниот сопруг Т.К. и...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на средба со граѓани од Струмичкиот регион

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на сред…

Фев 23, 2020 Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамките на „Обнова за Македонија“ денеска ги посети населените места во Струмичкиот регион: Ве...

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа за мерките и придобивките во земјоделство

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа…

Фев 23, 2020 Вести

„Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблеми при пласман на производите. Или производите остануваа непрода...

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...