Ако беше жив денеска ќе полнеше 65 години

Понеделник, 19 Август 2019

Ако беше жив, денеска легендата на македонската фолк музика Гоце Арнаудов, ќе го слaвеше својот 65 роденден. Гоце кој од мали нозе, па се до неговото прерано заминување од овој свет, пред 8 години, испиша многу успешни страници во музичката историја на Струмица и Македонија.

Ѕвездениот град Струмица имаше своја ѕвезда на земјата која стана ѕвезда на небото. Таа Струмица беше негов дом. Од тука заминуваше по другите градови и земји, низ сите светски меридијани, и повторно се враќаше на местото каде што си тежи каменот. Таа негова Струмица ја опеа и во песна, покажувајќи ја љубовта кон неа.

За легендата од Струмица, општина Струмица пред пет години, во предвечерието на неговиот роденден му подигна споменик кој го краси просторот во малиот градски парк, дело на македонскиот скулптор и сликар, професорот Митко Тошев.

„На Гоце Арнаудов не му е потребен споменик. Тој својот споменик го подигна со испеаните песни. Споменикот ни е потребен нам на струмичани, за да ни биде сведоштво за почитта која ја имаме кон човекот кој ја прославил Струмица надалеку, за да биде гордост на неговите современици и на генерациите кои доаѓаат по нас“ - рече тогаш во своето обраќање поранешниот градоначалник на Струмица, сега премиер, Зоран Заев.

Неговите песни се пееја, се пејат и ќе се пејат, тој на секоја песна и даваше душа и ја пееше од душа и со неговата интерпретација беше и ќе остане незаменлив. Тој голем човек на македонскиот народ му го остави своето најголемо богатство, своите песни...

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено горат

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено г…

Сеп 17, 2019 Вести

Пожарот со високотоксични испарувања, во кој завчера гореа околу 300 автомобилски и камионски гуми во близина на струмичкото село Костурино, е најверо...

Поради дефект прекин на водата на неколку улици во градот Струмица

Поради дефект прекин на водата на неколку улици во градот Ст…

Сеп 17, 2019 Вести

Поради дефект на водоводната мрежа, во прекин е водоснабдувањето на улиците „Герас Цунев”, „Кочо Рацин“ и „Боро Џони“ во градот Струмица – информираат...

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП во одбојка

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП в…

Сеп 16, 2019 Вести

Репрезентација на Македонија ја освоија првата победа во историјата на Европските првенства. Вечерва во Љубљана, Македонија предводена од најдобрите о...

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...