Отворен 9-от Интернационален летен музички камп „Струмица 2019“

Сабота, 24 Август 2019

Четириесеттина млади музичари од неколку градови од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Хрватска од синоќа се во Струмица на петдневниот интернационален летен музички камп „Струмица 2019“.

Овој летен музички камп кој по 9-ти пат се одржува, беше отворен во Центарот за култура „Антон Панов“ со свечен концерт на кој настапија младите музичари Стефан Илиев на труба, Валентина Димитријевиќ, Јана Каевска, Пандорка Јанаќиева и Ангела Димитровска на флејта, како и струмичанецот Георги Трајков на гитара.

Младите музичари од денеска ќе учествуваат на целодневната работилница во неколку категории на инструменти, флејта, труба, хорна и камерна музика, а предавачи се реномирани професори од Факултетот за музичка уметност - Скопје. Координатор е Марија Јакимовска, а пијано соработник, Билјана Петровска.

Како што не информира професорот Александар Гошев, организатор на музичкиот камп, во вечерните часови, односно од 20:00 часот ќе се одржуваат концерти. Вечерва на програмата е Концерт на камерна музика пред платото на Центарот за култура, утревечер Концерт на класна хорна, а на 26 август ќе се одржат два концерти во истиот термин, едниот во фоајето на Центарот за култура, Детски концерт, а другиот концерт – класа флејта во црквата „Свети Петнаесет“ во Струмица. Завршниот концерт е на 27 август во 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено горат

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено г…

Сеп 17, 2019 Вести

Пожарот со високотоксични испарувања, во кој завчера гореа околу 300 автомобилски и камионски гуми во близина на струмичкото село Костурино, е најверо...

Поради дефект прекин на водата на неколку улици во градот Струмица

Поради дефект прекин на водата на неколку улици во градот Ст…

Сеп 17, 2019 Вести

Поради дефект на водоводната мрежа, во прекин е водоснабдувањето на улиците „Герас Цунев”, „Кочо Рацин“ и „Боро Џони“ во градот Струмица – информираат...

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП во одбојка

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП в…

Сеп 16, 2019 Вести

Репрезентација на Македонија ја освоија првата победа во историјата на Европските првенства. Вечерва во Љубљана, Македонија предводена од најдобрите о...

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...