Елези направи увид во реконстриураната општинска зграда во Ново Село

Петок, 30 Август 2019

Заменик-министерката за финансии, Ширет Елези и градоначалникот Никола Андонов, направија увид на реконструираната и доградена општинска зграда преку Проектот за подобрување на општинските услуги, кој се реализира со поддршка на ЕУ и Светска банка.

Станува збор за инвестиции во над 25 општини, а во Ново Село, преку проектот МСИП е извршена реконструкција, надградба и доградбата на општинската зграда и ќе биде мултифункционален објект во кој освен општинските служби ќе бидат сместени и дисперзирани канцеларии на повеќе државни служби и органи, каде граѓаните ќе можат на едно место да ги добијат потребните услуги. Вкупната инвестиција изнесува 35 милиони денари, од кои 20 милиони денари се заем од Светска Банка, а 15 милиони денари се грнат од ИПА фондовите на ЕУ.

„Со реализацијата на овој подпроект, новата административна зграда стана место каде што граѓаните ќе можат да ги добијат сите расположливи услуги на едно место. На приземниот кат од општинската зграда ќе се сместат сите подрачни одделенија на министерствата, Управата за водење матични книги, Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување, Фондот за здравствено осигурување и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување“ - информира градоначалникот на општина Ново Село, Никола Андонов.

Елези нагласи дека патната инфраструктура во Југоисточниот регион целосно се реконструира.

„Како Влада обезбедуваме брза врска со границата со Бугарија. Тргнувајќи од Скопје до Штип изградивме нов автопат, во моментов градиме и експресен пат од Штип до Радовиш, а се реконструира и делницата од Радовиш до Струмица. Воедно, од Струмица до Ново Село и од Ново Село до бугарската граница се работи на реконструкција на делниците. Станува збор за инвестиции во вредност од над 54 милиони евра, со кои инвестираме во нова модерна и безбедна инфраструктура“ - истакна Елези.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено горат

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено г…

Сеп 17, 2019 Вести

Пожарот со високотоксични испарувања, во кој завчера гореа околу 300 автомобилски и камионски гуми во близина на струмичкото село Костурино, е најверо...

Поради дефект прекин на водата на неколку улици во градот Струмица

Поради дефект прекин на водата на неколку улици во градот Ст…

Сеп 17, 2019 Вести

Поради дефект на водоводната мрежа, во прекин е водоснабдувањето на улиците „Герас Цунев”, „Кочо Рацин“ и „Боро Џони“ во градот Струмица – информираат...

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП во одбојка

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП в…

Сеп 16, 2019 Вести

Репрезентација на Македонија ја освоија првата победа во историјата на Европските првенства. Вечерва во Љубљана, Македонија предводена од најдобрите о...

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...