Кои спортски клубови од Струмица добија ваучери од Агенцијата за млади и спорт и која сума

Среда, 04 Септември 2019

Агенцијата за млади и спорт неодамна ја објави официјалнта листа со спортските клубови кои можат да добијат средства од приватните компании, преку ваучер системот што го промовираше Владата.

Од струмичките клубови во екипни спортови, најмногу пари по овој основ може да добие ФК „Академија Пандев“, а најмалку женскиот фудбалски клуб „Тиверија“ од Струмица.

Според објавената листа,  ФК „Академија Пандев“ може да искористи околу 4.619.6200 денари, второлигашот ФК „Беласица“, 2.831.380 денари, додека ЖФК „Тиверија“, 533.232 денари.

Согласно објавената листа на Агенцијата за млади и спорт, преку овој систем средства може да искористат и одбојкарските клубови од Струмица. ОК „ЏИО Струмица“ може да добие 1.379.400 денари, ОК „Наковски Волеј“ 1.125.300 денари, 1.074.480 денари ОК „Македонија Макс“, а ОК „Виктори Волеј“ 907.500 денари.

Станува збор за владина мерка, со која државата се откажува од 6 милиони евра, по основ на данок на добивка и ги пренасочува во македонскиот спорт. Конкретно, компаниите дел од својата обврска за данокот на добивка наместо да ја платат на државата, ќе имаат можност да ја вложат во спортски клуб или спортист, кои има добиено ваучер од Агенцијата за млади и спорт, кој средствата ги распореди по однапред утврдена методологија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено горат

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено г…

Сеп 17, 2019 Вести

Пожарот со високотоксични испарувања, во кој завчера гореа околу 300 автомобилски и камионски гуми во близина на струмичкото село Костурино, е најверо...

Поради дефект прекин на водата на неколку улици во градот Струмица

Поради дефект прекин на водата на неколку улици во градот Ст…

Сеп 17, 2019 Вести

Поради дефект на водоводната мрежа, во прекин е водоснабдувањето на улиците „Герас Цунев”, „Кочо Рацин“ и „Боро Џони“ во градот Струмица – информираат...

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП во одбојка

Струмичани ја однесоа Македонија во историска победа на ЕП в…

Сеп 16, 2019 Вести

Репрезентација на Македонија ја освоија првата победа во историјата на Европските првенства. Вечерва во Љубљана, Македонија предводена од најдобрите о...

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...