Јаневски: Овој ден за некого беше само недосонуван сон

Недела, 08 Септември 2019

Со пригодна свеченост која што се одржа пред споменикот на Гоце Делчев на струмичкиот плоштад, Општина Струмица го одбележа 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија.

За значењето на овој голем празник на македонската историја, говореше градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, истакнувајќи дека од 8-ми септември 1991-та година започна нималку лесниот пат што нашата дрѓава со низа подеми и падови го чекори самостојно во овие изминати 28 години.

„Независност, самостојност, самобитност, сувереност... Колку убаво, величествено и гордо звучат овие зборови кои се длабоко вкоренети во големиот ден што денес го славиме. Овој ден за некого беше само недосонуван сон, а јавето на македонската независност имавме среќа да го видиме и почувствуваме токму ние – сведоците на случувањата кои го одбележаа овој историски чин. Овој ден не само што е вреден за паметење и чествување, туку спаѓа во големото тројство на македонскиот времеплов, заедно со Илинден – 1903 и АСНОМ – 1944 година. Можеби токму затоа Денот на независноста на нашата татковина многумина го нарекуваат „третиот Илинден“ - кажа градоначалникот Коста Јаневски.

На свеченоста беше изведена и револуционерна поезија од членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“, а претставници на Општина Струмица, СВР Струмица, Сојузот на борците, здруженија, политички партии, пред споменикот на Гоце Делчев положија свежо цвеќе.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспитовско блато

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспит…

Јан 26, 2020 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска напладне избувнал пожар во реонот помеѓу селата Банско и Габрово. Петмина пожарникари...

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и пробивање на шумски пат

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и проби…

Јан 26, 2020 Вести

Педесеттина граѓани денеска се собраа на сретсело во Старо Коњарево за да го искажат нивното несогласување со изградбата на шумски пат за сеча на огре...

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Јан 26, 2020 Вести

Тимот на Академија Пандев го помина нерешено вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Балтика, клуб кој се натпреварува во второто по ...

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфатени над 11.700 невработени граѓани

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфа…

Јан 26, 2020 Вести

Повеќе од 11.700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот...

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминува на лекување во Турција

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминув…

Јан 26, 2020 Вести

За околу еден месец, со помош на хуманите граѓани кои донираа, собрани се потребните средства за лекување на малиот Ѓорги Трајков од Струмица. Три и п...

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробивање пат кај месноста Дебел Бук

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробив…

Јан 25, 2020 Вести

За утре во 10:00 часот жителите на селото Старо Коњарево, општина Ново Село организираат мирен протест под мотото: „СТОП за смртта на Беласица“. Прек...

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорача резултатите до граѓаните

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорач…

Јан 25, 2020 Вести

„Владата предводена од СДСМ за само две и пол години, многу порано од предвидениот рок, успеа да ги испорача до граѓаните резултатите од своето работе...

Александра Јанева: Да продолжат да се пеат песните на Тоше за да живеат

Александра Јанева: Да продолжат да се пеат песните на Тоше з…

Јан 25, 2020 Магазин

Популарната македонска пејачка, Александра Јанева, деновиве ќе биде македонски претставник на музичката манифестација МАС во Белград. Таа има редовни ...